Бел волк (), познат исто како арктички волк или поларен волк — подвид на сивиот волк својствен за високата арктичка тундра на канадските острови Кралица Елизабета.Mech, L. David (1981), The Wolf: The Ecology and Behaviour of an Endangered Species, University of Minnesota Press, p. 352, https://ecoregions.appspot.com/ За разлика од некои популации кои се движат помеѓу тундра и шумски региони, Арктичките волци го поминуваат целиот свој живот во повисоки предели.https://www.coolantarctica.com/Antarctica%20fact%20file/wildlife/Arctic_animals/arctic_wolf.php Нивната дистрибуција на југ е ограничена на северните рабови на средноарктичката тундра на јужната половина од островите Принц на Велс и Сомерсет. Белиот волк е подвид со средна големина, кој се разликува од северозападниот волк по неговата величина, побелата боја, потесниот мозокGoldman, E. A. (1964). Classification of wolves. In The Wolves of North America Part 2. Young, S. P. & Goldman, E. A. (Eds.) New York: Dover Publs. p. 430. и поголемите заби во задниот дел од устата. Од 1930 година, има прогресивно намалување на големината на черепите на арктичките волци, што веројатно е резултат на хибридизација на волк-куче.
Таксономија лево|мини| Кралицата Елизабета Острови, северна Канадаж(карактеристичен регион за белите волци) лево|мини| Регионот на островите на кралицата Елизабета (QEI) поделен на пет главни области според очигледната важност за волците на арктичките острови. Во 1935 година, британскиот зоолог Реџиналд Покок го доделил името на подвидот Canis lupus arctos (арктички волк) на примерок од островот Мелвил на островите Кралица Елизабета во Канада. Тој потоа напишал дека слични волци се наоѓаат на островот Елесмер. Тој, исто така, го доделил името Canis lupus orion на примерок од гренландски волк од Кејп Јорк во северозападен Гренланд. И двата волци се препознаваат како посебни подвидови на Canis lupus (волк) во таксономскиот орган Видови на цицачи на светот (2005).
Студија на Chambers et al . (2012) користејќи автосомна микросателитска ДНК и митохондријална ДНК податоци покажуваат дека белиот волк нема уникатни хаплотипови што сугерира дека неговата колонизација на Арктичкиот архипелаг од северноамериканското копно се десила во скорото минато, а со тоа била и недоволна за да се гарантира статусот на подвидот. За време на состанокот одржан во 2014 година од Националниот центар за еколошка анализа и синтеза на Службата за риби и диви животни на САД, еден говорник, Роберт К. Вејн, спомна дека не се согласува со заклучокот дека подвидот мора да биде генетски различен, верувајќи дека различни подвидовите може полека да се вградуваат еден во друг - што сугерира дека иако е невозможно да се одреди дали поединечниот волк е еден или друг подвид со помош на ДНК, популацијата на арктичките волци како вид може да се разликува со гледање на пропорциите на еден нуклеотид полиморфизми (SNP): т.е Вејн понатаму изјавил дека верува дека живеалиштето во кое што се наогја волкот е доволно добра одлика за да се разликува подвидот.Review of Proposed Rule Regarding Status of the Wolf Under the Endangered Species Act p. 47
Белиот волк обично не се плаши од луѓе и може дури и да биде убеден да им пријде на луѓето во некои области.Mech, L. D., Arctic Wolves and Their Prey, National Oceanic and Atmospheric Administration, May 30, 2007 Волците на островот Елесмер не се плашат од луѓе и се верува дека е поради тоа што толку ретко гледаат луѓе, затоа тие им пристапуваат на луѓе претпазливо и љубопитно.Arctic Wolf: The High Arctic by Laura DeLallo. Bearport Publishing, New York 2011Arctic wildlife in a warming world by Michael Becker. BBC Two, 2014.Ellesmere Island Journal & Field Notes by Henry Beston 2006. International Wolf Centre.Arctic Wolves and Their Prey by L. David Mech. National Ocean and Atmospheric Administration, Pacific Marine Environment Laboratory, Actic Zone. 2004 Ото Свердруп напишал дека за време на експедицијата Фрам, два волци следеле еден од експедиционерите во тимот, кој ги држел волците на растојание мавтајќи со неговиот скијачки стап.Sverdrup, O. N., (1918), New land; four years in the Arctic regions, Vol. I, London Longmans, Green, pp. 431–432 Во 1977 година, шест волци на островот Елесмер им пришле на пар научници, при што еден од волците скокнал кон еден од научниците и му го допрел образот. Голем број инциденти со агресивни волци се случија во Алерт, Нунавут, каде што волците со децении живееле во непосредна близина на локалната метеоролошка станица и станале навикнати на луѓето. Еден од овие волци нападнал 3 лица, бил застрелан и бил позитивен на беснило.Linnell, J.D.C., et al. (2002)., NINA, pp. 29–31, мини|Арктички волк се храни со труп на мускокс на островот Елесмер Не се знае многу за движењето на арктичките волци во главно поради климата. Единственото време во кое волците мигрираат е во текот на зимата кога ноќта трае со месеци и има целосен мрак 24 часа. Ова го отежнува истражувањето на движењето на арктичките волци. Околѕ 2,250 километри јужно од Високиот Арктик се одржа студија за движење на волците во зима во целосна темница, кога температурата беше ниска до . Истражувачите откриле дека волците највеќе ловат мускокси. Нема достапни информации за движењето на волците во пределите каде што се наоѓале мускоксените.
Исхрана Во дивината, арктичките волци во главно ловат мускокси и арктички зајаци. Утврдено е дека тие исто така понекогаш ловат леминзи, карибу, арктички лисици, птици и дури и некои бубачки. Откриено е и дека арктичките волци понекогаш роварат низ ѓубре за да најдат храна, но вој вид на обезбедување на храна е прилично редок во исхраната на белиот волк поради регионалната и сезонската достапност. Понекогаш има дебата дали мускоксот или арктичкиот зајак е примарен плен за предатор-плен системот на овие три животни. Студии обезбедуваат докази дека мускоксите се навистина нивниот примарен плен бидејќи се чини дека присуството и размножувањето на волкот е поголемо кога мускоксот е подостапен отколку при поголема достапност на зајаците. Повеќе придружни докази сугерираат дека мускоксот обезбедува долгорочна одржливост за разлика од зајакот, додека пак другите копитари воопшто не се појавуваат во исхраната на волкот. Доказите кои покажуваат дека арктичките волци зависат повеќе од зајаците тврдат дека зрелата популација на волци била паралелна со зголемувањето на популацијата на зајаците. Студијата понатаму вели дека степенот на зависност помеѓу двата извори на исхрана е неизвесен и дека количината на потрошувачка помеѓу двата вида зависи од сезоната и годината. Дебатата продолжува кога се работи за сезоната и исхраната на младите волци. Според една студија, телињата мускокс служат како примарен извор на храна бидејќи потребите на младенчињата се поголеми , но друга студија сугерира дека кога зајаците биле многу пообилни (Mech, 2000), волците најчесто ги хранеле нивните младенчиња со зајаците во текот на летото. Овие разлики може да се припишат и на локацијата. Белите мечки ретко се среќаваат со волци, иако постојат два записи од ситуации кајшто глутница волци убиваат младенчиња на бели мечки.
Конзервација (зачувување на видот) Белиот волк не е особено загрозен вид, но сепак се соочува со некои опасности. Во 1997 година, имаше пад на популацијата на арктичките волци и нивниот плен, мускоксен ( Ovibos moschatus ) и арктичките зајаци ( Lepus arcticus ). Ова се верува дека е поради неповолните временски услови во текот на летата претходните четири години. Популацијата на арктичките волци се накачи следното лето кога временските услови се вратија во нормала.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Волци Категорија:Цицачи на Канада Категорија:Фауна на Арктикот