Бензилбутилбарбитурат (5-бензил-5-n-бутилбарбитурна киселина) е редок пример на дизајнерски наркотик од барбитурати, можеби единственото такво соединение кое се среќава во последниве години.

Тоа било конфискувано од страна на полицијата во Јапонија во 2000 година, и се претпоставува дека е производ од тајно производство бидејќи ова соединение никогаш претходно не било продадено како легална фармацевтска супстанца. Како и кај сите дизајнерски наркотици, ова соединение е произведено во обид да се заобиколат законите за лекови кои забрануваат употреба на најпознатите лекови од групата на барбитурати, но како што законите за лекови во многу јурисдикции (вклучувајќи ја и Јапонија) забрануваат „секој 5,5-дисупституиран дериват на барбитурна киселина“, ова соединение се сметало дека е веќе нелегално, и покрај тоа што е ново соединение кое претходно не било сретнато.

Ова соединение веќе било познато во научната литература и затоа не било нов хемиски ентитет.

Наводи

Категорија:Барбитурати