Метарбитал бил патентиран во 1905 година од Емил Фишер кој работел за Мерк. Се продавал како Гемонил од страна на Abbott Laboratories. Метарбитал е барбитурат антиконвулзив, кој се користи во лекување на епилепсија. Има слични својства како фенобарбитонот.

Историја

1952 Гемонил бил воведен од страна на Abbott Laboratories. 1990 Абот престанал со маркетингот.

Синтеза Метарбитал може да се синтетизира од 2,2-диетилмалонска киселина и О -метилизоуреа.

Наводи

Категорија:Антиконвулзиви