десно|мини|300x300пкс| Островот Свети Петар е малиот остров десно од островот Свети Иван (лево) во созополскиот залив. Свети Петар () ― бугарски остров во Црното Море, со површина од 2,5 хектари и надморска височина од 9 м. Исто така познат како Птичји Остров, тој се наоѓа во созополскиот залив, блиску до островите Свети Иван и Свети Кирик. Со оглед на тоа што во ниеден извор не е споменато до средината на 19 век, се претпоставува дека се одвоил од поголемиот Свети Иван (кој е неколку стотини метри на запад) како последица на некаков природен феномен околу тоа време. Археолозите откриле урнатини напараклис од времето на бугарската преродба, како и траги од античка керамика. Две мали островчиња или големи карпи постоеле и на исток од Свети Петар, познати по имињата Милос и Гата; тие последен пат биле опишани од руските воени дописници во 1820-тите и се претпоставува дека се потопени во следните години.

Надворешни врски

Сателитска снимка на островите Свети Иван (големиот) и Свети Петар (малиот)

Категорија:Природни резервати во Бугарија Категорија:Острови во Црното Море Категорија:Земјишни облици во Бургас (област) Категорија:Бугарско приморје Категорија:Ненаселени острови во Бугарија