Адата — речен остров во Вардар кај селото Ѓавато, во југоисточниот дел на Македонија.

Опис Островот е долг околу 420 м, широк околу 130 м и се протега во правец североисток-југозапад. Највисоката височина на островот изнесува 3 м, така што голем дел од островот се поплавува при висок водостој на Вардар. Составен е од ситен речен песок и во голема мера е оголен, а во западниот дел се среќава тревна и грмушеста вегетација. Посетуван е од рибари и капачи главно во летниот период.

Поврзано Речни острови во Вардар Ѓавато Вардар

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Речни острови во Вардар Категорија:Ѓавато (Гевгелиско)