Голем Шкољ (босански: Veliki Školj) ― ненаселено островче во Малостонскиот Залив, кој се наоѓа во Босна и Херцеговина, а со блискиот остров Мал Шкољ ги прави единствените два острова во Босна и Херцеговина во Јадранското Море.

Привремениот режим на морската граница меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина бил утврден во 1999 година. Неумскиот договор за привремената граница го потпишале Фрањо Туѓман и Алија Изетбеговиќ, а не е ратификуван поради појавата на контроверзноста околу сопственоста на овие два острови и ’ртот на полуостровот Клек. Хрватска ја оспорува важноста на договорот и го тврди како своја територија.

Извори

Наводи

Категорија:Спорни острови Категорија:Острови во Хрватска Категорија:Ненаселени острови Категорија:Острови во Јадранското Море Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Острови во Босна и Херцеговина