Палестринска пиета (италијански: Pietà di Palestrina) ― мермерна скулптура од италијанската ренесанса, која датира од ок. 1555 година и сега во Галеријата на Академијата, Фиренца. Порано му била припишувана на Микеланџело, но сега главно е сметана дека е завршена од некој друг, како што се Николо Менгини или Џан Лоренцо Бернини. Според Галеријата на Академијата, „припишувањето на мајсторот на скулптурата сè уште е некако контроверзно“.
Оваа пиета прикажува три фигури, од кои едната е телото на Исус Христос. Скулптурата првично била во просторија покрај црквата „Св. Росалија“ во Палестрина и била во сопственост на семејството Барберини. Некои извори укажуваат дека е направен во 1556 година. Скулптурата била купена од владата во 1939 година. Припишувањето на Микеланџело е направено во првата половина на 18 век. Нема претходна дискусија за делото како што има за речиси сите други што му се припишуваат на мајсторот.
Поврзано
Список на статуи на Исус Список на дела од Микеланџело
Наводи
Надворешни врски
Palestrina Pietà The Palestrina Pietà
Категорија:Скулптури со пиета Категорија:Скулптури во Галеријата на Академијата Категорија:Мермерни скулптури во Италија Категорија:Скулптури од 1550-тите години Категорија:Скулптури припишувани на Микеланџело