мини|Дел од панелот на инспициентот Инспициент (германски Inspizient, од латинскиот inspicientis: кој надгледува) — човек во театарот кој се грижи пробата, концертот или изведбата да мине без проблем, а по налог на режисерот ја надгледува и раководи целата работа зад сцената. Тој им дава сигнал на глумците кога треба да излезат на сцената, му дава сигнали на техничкиот персонал да ја сменат сцената, светлата, музиката и другите сценски елементи. Притоа ја користи инспициентската книшка во која се внесуваат знаците и броевите на сите промени во една театарска претстава. Инспициентот понекогаш се нарекува и водител на претставата. Во филмските и телевизиските студија и во радиостаниците, инспициентот е лицето кое на главниот пулт ја контролира точноста на изведбата во содржинска и техничка смисла. Притоа тој се служи со книгата за снимање, односно програмската шема.LZMK, Hrvatska enciklopedija, Inspicijent (pristupljeno 14. siječnja 2018.)
Поврзано Суфлер
Наводи
Категорија:Театар Категорија:Занимања Категорија:Германизми