Зографска кула () — византиска кула кај селото Метох Зограф (Зографу), Касандриско, Егејска Македонија. Служела за одбрана на метохот (месниот имот) на Зографскиот манастир од Света Гора. Не се знае кога точно е подигната, но веројатно по 1325 г. Според некои извори, таа е изградена во XIV, а според други на крајот од XV век. Во 1465 г. веќе била оштетена и не е обновена сè до крајот на XVI век (пред 1568 г.), кога повторно се појавува во изворите. Во 1597 г. метохот е уништен и кулата повторно се споменува дури во 1869 г. Во 1922 г. Зографската кула им е доделена на грчки дојденци од Кападокија. Во 1996 г. Десеттата ефорија за византиски старини направила реконструкција на градбата.

Кулата правоаголна градба со димензии 10 × 9,30 м, има три ката и висока е околу 12 метри.

Наводи

Категорија:Кули во Егејска Македонија Категорија:Тврдини во Егејска Македонија Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Нова Пропонтида