200px|мини|Алфонсина Страда Алфонсина Страда (родена 16 март 1891 и умрела 13 септември 1959 година) била италијанска велосипедистка.Била единствената жена што возелаво трите главни велосипедски трки. Таа започнала на Џиро д'Италија (позната трка која се одржува и денеска) во 1924 година кога организаторите ја помешале со маж. Весниците ја нарекувале Ѓавол во фустан.Torrelli Cycles – Article about Alfonsina Strada at the 1924 Giro d'Italia Нејзината тркачка кариера вклучувала италијански рекорд кој траел дури 26 години откако го покорила.

Раниот живот Родена како Алфонсина Морини во Кастелфранко Емилија, во близина на Модена, таа бела ќерка на селско семејство. Нејзиниот татко бил дневен работник, а нејзината мајка медицинска сестра . Некои луѓе велат дека дека нејзината куќа била барака без прозорци низ која трчале кокошки.Mimi Torchia Boothby, "Una donna su due ruote: Alfonsina Strada" , Comitato Guglielmo Marconi International Дополнителни извештаи зборуваат дека нејзиното семејство сметало дека нејзината страст за возење велосипед е дело на ѓаволот, дека има злобно око. Некои извештаи велат дека таа била едно од осумте деца; други дека била една од 10-те, со осум браќа; други дека имала 10 браќа. Има многу извештаи за раниот живот Алфонсина, но никој не е прифатен како точен. Така да раниот живот на Алфосина ќе остане сè уште мистерија.

1924 - Џиро д'Италија Возењето на Алфонсина на Џиро д'Италија дошол поради несогласување помеѓу организаторот, (Емилио Коломбо) и најдобрите возачи. Најдобрите возачи одбија да учествуваат. Коломбо го направи она што го направи Тур де Франс и понуди места на кој сакаше да вози. Gazzetta dello Sport вети дека ќе им ги плати сметките, хотелите и храната. Понудиле места за 90 белосипедисти и ветиле 600 кокошки, 750 кг друго месо, 4.800 банани и 720 јајца.Procycling, 2005

На Страда никогаш повеќе не и беше дозволено да го вози Џиро, но таа го следешела неколку години и ја заслужила почитта на новинарите Армандо Коугне, Џардини, Коломбо, Катанео, Латуарда, Костанте Жирарденго, како и на други новинари и натпреварувачи. Таа возела изложбени трки низ Италија, Шпанија, Франција, Луксембург и пред царот Николај II од Русија во Санкт Петербург.Overview of Paolo Facchinetti's book, Librerie.it Во 1937 година во Париз го победила францускиот шампион Робин.

Во 1938 година таа го поставла женскиот светски рекорд за час, покривајќи 32,58 км во Лонгшамп, Париз, рекорд соборен во 1955 година од Тамара Новикова од Советскиот Сојуз.

Италијанскиот писател Дино Буцати напишал дека како момче се возел во парк во Милано, ја видел Алфонсина и успеал да остане со неа два круга. мини|Алфонсина Страда во нејзината продавница за велосипеди

Сеќавања на Алфонсина Страда Во 2010 година италијанскиот бенд Têtes de bois ја објавил песната „Alfonsina e la bici“ посветена на Алфонсина Страда.

Во видео клипот на песнатаVideoclip of the song "Alfonsina e la bici" starring Margherita Hack е италијанската астрофизичарка Маргерита Хек во главната улога како Алфонсина Страда.

Извори

Наводи

Надворешни врски

Сликата на Алфонсина Страда во Радио Маркони Сликата на Алфонсина Страда

Видео клип од песната на Têtes de bois Alfonsina e la bici

Категорија:Починати во 1959 година Категорија:Родени во 1891 година Категорија:Италијански велосипедисти