1895  Вилхелм Рентген, германски физичар, ги пронајде Х-зраците, подоцна по него наречени „рендгенски зраци“. 1909  Излегол последниот број на весникот „Единство“, уредуван од Димитар Влахов. 1919  Основана Германската работничка партија (ДАП) — претходник на Националсоцијалистичката германска работничка партија или Нацистичка партија (НСДАП). 1947  Во Белград е одиграно првото „вечно дерби“ меѓу фудбалските клубови „Црвена ѕвезда“ и „Партизан“. 1968  Александар Дупчек станал прв секретар на Комунистичката партија на Чехословачка и со него започнал процесот на внатрешна либерализација, наречен „Прашка пролет“. 1981  Започнала електрификацијата на железничката пруга Скопје-Гевгелија. 1995  Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи на Република Македонија со Република Узбекистан и со Република Молдавија. 5 јануари