Лаваца (Италијански: Lavazza) — италијански изработувач на производи од кафе. Компанијата е основана во Торино во 1895 година од страна на Лујџи Лаваца, првично била мала продавница за храна. Со бизнисот моментално управуваат третата и четвртата генерација на семејството Лаваца.

Лаваца кафето го увезува од целиот свет, вклучувајќи ги Бразил, Колумбија, Гватемала, Костарика, Хондурас, Уганда, Индонезија, САД и Мексико. Загриженоста за одржливо производство ја натерало компанијата да го развие познатиот проект „Тиера“, програма за одржливо земјоделство во Хондурас, Колумбија и Перу, која има за цел да го подобри квалитетот на кафето, како и еколошките и работните средини на тие заедници.

Компанијата раководи со огромен број на кафулиња. Продавниците препорачуваат традиционални пијалаци за кафе, како и цело зрно и мелено кафе за домашна употреба.

Историја мини|Реклама за Лаваца: Транспорт на кафе во Индокина Лаваца, која била основана во Торино, Италија, во 1895 година, е во сопственост на истоименото семејство веќе четири генерации. Лаваца има пазарен удел по продажба од над 36% во Италија, 3.800 вработени и приход од 2,24 милијарди евра (2019). Италијанската компанијата има шест производствени локации, од кои три се наоѓаат во Италија, а другите во странство. Лаваца извезува 46% од своето производство.

Во 1979 година компанијата го основала „Центарот за истражување на кафе Лујџи Лаваца“ кој е „посветен на проучување на еспресо“ и еволуирал во Тренинг центар Лаваца, мрежа од преку 50 школи за кафе во светот, каде што 30.000 луѓе добиваат обука секоја година.

Во 2019 година, со компанијата Пепси, Лаваца пуштиле во продажба конзервирано капучино подготвено за пиење во Европа.

Поднесена била тужба во 2019 година во која се тврдело дека Лаваца кренала лажни тужби за интелектуална сопственост против препродавачите во Америка на Amazon.com во обид да ги спречи да продаваат производи.

Во ноември 2022 година, било објавено дека Лаваца го купила францускиот снабдувач за печење на кафе, дистрибутер и услуги, Макси Кафе (MaxiCoffee).

Спонзорство На англискиот тим ФК Ливерпул, Лаваца им станал спонзор во 2018 година. Исто така, станал спознор на британскиот тим на Вилијамс Рејсинг во Формула 1. Преку договорот постигнат во септември 2020 година, Лаваца станал официјален бренд за кафе што го користи италијанскиот тим ФК Јувентус.

Канцеларии и производствени погони „Лујџи Лаваца С.п.А.“ е присутен во над 90 земји со повеќе од 20 канцеларии и производствени работилници во Италија и во остатокот од светот. Во Торино неодамна била отворена „Нувола“, новото седиште на Лаваца. Проектот „Нувола“ е дело на Чино Зуки.

Групацијата на Лаваца, моментално вклучува 21 компанија и меѓународни канцеларии, вклучувајќи го и седиштето „Нувола“ во Торино и Сан Томазо 10, истата стара продавница во Виа Сан Томазо во припадност на Лујџи Лаваца кон крајот на 1800 година.

Лаваца има три главни производствени работилници во Италија: во Торино, првата историска фабрика за производство; Гатинара, каде што се произведуваат капсулите за кафе; и во Поцили каде се прави кафе без кофеин за распродажба низ целиот свет. Други производствени работилници се наоѓаат во Франција, Индија и Бразил. Календар Лаваца го произведува познатиот „Лаваца Календар“ од 1991 година, кој содржи модни фотографии од некои од водечките светски фотографи. Календарот не е во продажба. Меѓу соработниците се: Ени Либовиц во 2009 година, Дејвид ЛаШапел во 2002 година, Хелмут Њутн во 1993 и 1994 година, Елен фон Унверт во 1995 година, Еугенио Рекуенко во 2007 година, Ервин Олаф во 2005 година и Платон во 2005 година.Australian Vogue Online Календарот стана дел од концептуалната модна фотографија.Telegraph.co.uk, "How About That" Column, 2008 Наводи

Надворешни врски Официјална страница

Категорија:Италијански марки