мини|315x315пкс|Замокот Сфорцеско во Милано Замокот Сфорцеско претставува голем утврден комплекс кој се наоѓа во градот Милано веднаш до историскиот центар на градот.

Овој објект бил изграден во 15 век од страна на Франческо Сфорца, кој штотуку во тој период станал војвода на Милано. Замокот бил подигнат врз остатоците од претходното средновековно утврдување од 14 век познато како Замокот ди Порта Џовија (или можеби Зобија). Во истата област каде што се наоѓал замокот Порта Џовија, во римско време, бил и хомонимниот замок (лат. Castrum Portae Jovis), еден од четирите одбранбени замоци на римскиот град Милано.

Значително трансформиран и модифициран во текот на вековите, замокот Сфорцеско помеѓу шеснаесеттиот и седумнаесеттиот век, претставувал една од главните воени цитадели во тогашна Европа. Овој објект бил реставриран и во стар историски стил од страна на Лука Белтрами помеѓу 1890 и 1905 година. Денес, овој замок, е домаќин на многу институции од областа на културата, но и седиште на доста важни импозантни музеи. Тој претставува еден од најголемите замоци во Европа и еден од главните симболи на градот Милано и неговата историја.Guida Milano, Touring Club Italiano, 1985, p. 436.

Историја

Прво утврдување (градење) лево|мини| Грбот на Галеацо Марија Сфорца, насликан на таванот на замокот Изградбата на замокот на почетокот бил исклучиво за утврдување со чисто одбранбена функција. Неговата градба започнала во втората половина на 14 век и тоа од страна на династијата Висконти, која владеела со градот Милано речиси цел еден век. Претходно во 1277 година надбискупот Отоне Висконти успеал да победи во Битката кај Десио и со тоа да го протера од Милано претходниот господар (владетел) на градот, Наполеон дела Торе. Во 1354 година, надбискупот Џовани Висконти, во последните мигови од својот живот, односно на самото умирање, постојаното војводство на градот Милано го оставил на неговите тројца внуци и тоа: Матео II, Галеацо II и Бернабо.

Помеѓу 1368. и 1370 година Галеацо II Висконти имал изградено едно утврдување во пределот на градските ѕидини, односно во Порта Џовија (или Зобија), а подоцна наречено Замокот Порта Џовија. Името било ставено според античкиот римски влез Порта Џовија која се наоѓала во римските ѕидини од градот Милано. Името на римскиот влез потекнувал од Џовио, кој претставувал прекар на римскиот император Диоклецијан. Во римско време, во истата област каде што требало да се изгради средновековниот замок Порта Џовија, постоел хомонимниот замок (лат. Castrum Portae Jovis) еден од четирите одбранбени замоци на римскиот град Милано.

Започнувајќи од 286 година, кога Милано станал главен град на Западното Римско Царство, Castrum Portae Jovis исто така започнал да ја игра улогата на Преториски камп, односно преторијанската касарна, поточно воен оддел кој служел за извршување должности на телохранителите на императорот.. Затоа, оваа област била наречена „Кампо Марцио“ од Милано, или областа посветена на Марс, богот на војната. Таа градба се користела за воени вежби.

Висконти и Сфорца лево|мини| Изгледот на замокот во 16 век Средновековниот замок Порта Џовија бил проширен од неговите наследници: Џан Галеацо Висконти, кој станал првиот војвода од Милано во 1395 година, Џовани Марија и Филипо Марија, кој бил првиот војвода кој трајно го префрлил дворот од војводската палата што стоела во близина на катедралата до замокот (денешната кралска палата). Крајниот резултат бил замок со квадратен облик, со страна долга 200 метри и четири кули кои се наоѓале на местото од четирите агли. Особено импозантни биле двете кули свртени кон градот, со периметарски ѕидови дебели и до 7 метри.Guida Milano, Touring Club Italiano, 1985, pp. 438, 440. На тој начин замокот станал постојана резиденција на династијата Висконти сѐ до 1447 година кога била уништена од страна на Златната Амброзиска република, основана и создадена од страна на миланските благородници. Тоа се случило по изумирањето на династијата Висконти, особено по смртта и на легитимните наследници на војводата Филипо Марија.

Капетанот и воен платеник Франческо Сфорца, инаку сопруг на Бјанка Марија Висконти, ја започнал реконструкција на замокот во 1450 година. Идејата му била замокот да биде претворен во негова резиденција откако уапеал да ја собори Републиката. По падот на Републиката тој го заземал Милано. Бидејќи немал свој грб тој го задржал грбот од семејството Висконти и како грб на својата куќа."Il ducato di Milano in età spagnola", I.S.A.L.

Во пролетта 1450 година, Франческо Сфорца го назначил Џовани да Милано за комесар за работите во новиот замок, а Маркалеоне да Ногароло за комесар за одредување на правила. Почетокот на реконструкторските работи, според некои историчари, се случил на 1 јули 1450 година. Пет месеци подоцна, биле завршени двата дела на ѕидот Гирланда кој водел кон средновековната Порта Комасина од едната страна и Портата Верчелина од другата страна. Се продолжило да се работи на подигнување на страната која е свртена кон градината. Со таа страна во исто време се подигнале и двете кули со кружна основа наречени Кармин и Санто Спирито, според црквата Санта Марија дел Кармин и Санто Спирито (кој веќе не постои).Beltrami, Il Castello di Milano, cap. II, pp. 66-67 Во месец февруари 1451 година биле изградени мостовите со кои се израмнети двата плоштади на кои подоцна ќе се издигнат равелините. Двата плоштада биле свртени еден кон градот, а другиот спротивно од првиот односно кон градината. За да се справи со недостатокот на ликвидност, односно со трошоците предизвикани од потценувањето на цената на чинење на работите, Војводството на сите околни градови им бил воведен данок на превоз кој можел да се плати во натура или да се трансформира во готовина. Исплатата, сепак, не била извршена во целост, туку била само делумно извршена. Таа честопати доцнела принудувајќи го војводата да доставува постојани молби и потсетници. При изградбата постоеле и одредени проблеми околу транспортот на градежни материјали, бидејќи дрвото пристигнувало од шумите на областа Кузаго, додека варот од Мергоцо. Транспортот требало да мине потоа до градот Точе, па преку езерото Маџоре, местотоТичино, и на крајот преку Навиљо Гранде да пристигне во Милано. Тоа биле повеќе од 110 км. Во летото 1451 година, градбата била нарушена поради избувнувањето на епидемијата на чума.Beltrami, Il Castello di Milano, cap. II, pp. 72-75 Во месец октомври кулата наречена Торе Кастелана, поточно Рочета, била завршена. Новиот кастелан Фошино Атендоло ја преземал функцијата на главен надзорник.Beltrami, Il Castello di Milano, cap. II, p. 87

Во 1452 година извесен Филарете и Јакопо да Кортона биле ангажирани од страна на војводата за да ја изградат и украсат средишната кула, која и денес се нарекува кулата Торе дел Филарете во чест на Филарете. Наскоро се појавиле несогласувања меѓу претходните и миланските инженери. Првите биле доста горделиви (ги понижувале миланските војводски инженери нарекувајќи ги ѕидари). Филарето бил доста тврдоглав во желбата да ја украси кулата со теракота и мермерни жици. Тој начин на украсување го забавувал напредокот на изградбата.Beltrami, Il Castello di Milano, cap. II, pp. 108-114 Истата година се изградени и обиколните ровови. Подоцна работите на Филарето и Кортона ги наследил воениот архитект Бартоломео Гадио. Кога Франческо Сфорца починал, неговиот син Галеацо Марија ги наследил и работата и ја продолжил градбата под раководство на архитектот Бенедето Ферини. Во текот на тие години во просториите на војводскиот двор започнал голем потфат за изработка на фрески. Работата околу фреските била доверена на сликарите од војводството, од кои највреден проект била војводската капела на која работел уметникот Бонифацио Бембо. Во 1476 година, под раководство на Бона ди Савоја, била изградена истоимената кула.

Во 1494 година по доаѓањето на Лудовико ил Моро на власт замокот станал седиште на еден од најбогатите и најраскошни судови во Европа. Уметниците како Леонардо да Винчи (кој фрескоживописал неколку соби од војводскиот стан, заедно со Бернардино Зенале и Бернардино Бутиноне) и Браманте (работел на малиот мост за поврзување на замокот со таканаречената покриена улица) биле повикани да ги украсат просториите. Многу други сликари се фокусирале на фрескирањето на Сала дела Бала илустрирајќи ги делата токму на Франческо Сфорца.Guida Milano, Touring Club Italiano, 1985, p. 438. Сликата на Леонардо да Винчи под наслов растителни парцели со плодови и монохроматски корени и карпи од 1498 година била сместена во Салата дел Асе. Ништо не останало од колосалниот коњанички споменик на Франческо Сфорца, бидејќи бил уништен од страна на француските војници и пред да биде завршен.

Во наредните години, замокот бил доста оштетен од континуираните напади што ги разменувале француските, миланските и германските воени трупи.Тогаш бил додаден еден издолжен бедем наречен „тенаглиа“ кој го дава своето име и на блиската порта. Овој бедем бил изграден можеби од страна на извесен Чезаре Цезарино. Во 1521 година кулата Торе дел Филарет била урната поради тоа што еден француски војник по грешка активирал бомба, бидејќи истата била користена како оклоп за заштита од нападите. Откако се вратил на власт и во замокот, Франческо II Сфорца успеал да ја реструктуира и прошири целата тврдина. Еден дел од неа искористил за да го претвори во раскошна резиденција за неговата сопруга Кристина од Данска. лево|мини| Бернардо БелотоЗамокот Сфорцеско во Милано, околу 1750 година

Од Сфорца, до Шпанците и Хабзбурзите По смртта на Франческо II во 1535 година крајот на Војводството кој следувал, замокот во 1536 година бил отстапен од страна на грофот Масимилијано Стампа, заменик на замокот на војводата Франческо II, на кралот на Шпанија Карло V. Договорот бил пропишан во градот Болоња: во месец февруари 1531 година. Всушност, капетанот Џовани ди Меркадо му го отстапил замокот на грофот Стампа под заклетва дека тој за возврат ќе го отстапи само и исклучиво на „најсветиот и најпожртвуван крал, кралот Кароло V - римскиот император“ или на неговите наследници од Светата Римска Империја..

Продажбата на замокот го означила крајот на долгиот период на војни и политички промени во изминатите триесет и шест години. По падот на Лудовико ил Моро, всушност вкупно девет различни владења имало со замокот односно тврдината: на почетокот владееле Гасконците на Луј XII (1500), потоа Германците и Швајцарците командувани од страна на Асканио Сфорца; па повторно Французите по заземањето на градот Новара; потоа во 1512 година швајцарските платеници предводени од кардиналот од Сион Матео Шинер во името на Светата лига до враќањето на Французите под Франциско I (1515); потоа во 1525 година доаѓањето на шпанските трупи предводени од Фернандо Франческо д'Авалос, па Маркизот од Пескара, кој го напуштил замокот шест години подоцна за да го врати дефинитивно на последните претставници на семејството Сфорца, а тоа биле Масимилијано и Франческо II..