мини|Џулија Фарнезе Џулија Фарнезе (родена во Каподимонте година – починала во Рим, на ) била италијанска благородничка љубовница на папата Александар VI.

Нејзината привлечност, која ѝ го донела прекарот Џулија ла Бела меѓу нејзините современици, ѝ го отворила патот кон моќта и богатството за неа и за нејзиното семејство. Убавината на Џулија придонела за богатствата на куќата Фарнезе.

Биографија

Детството Џулија Фарнезе најверојатно била родена во 1475 година во тврдината Каподимонте, сместена на езерото Болсена, од татко Пјер Лујџи I Фарнезе, водач и сопственик на Монталто ди Кастро, и мајката Џованела Каетани. Пред да се роди Џулија нејзините родители веќе имале два сина, Анџело и Алесандро Вториот, односно Алесандро се качил на папскиот престол во1534 година под името на папата Павле III. Синот пак Гиролама е роден по сестрата Џулија во 1478 година. Нема доволно запишани податоци за нејзиното образование, кое најверојатно било доста скромно, како што било и обичај во тоа време за жените во семејствата на селските господари. Такво семејство било тогашната фамилија Фарнези. Ракописот кој бил зачуван од нејзините три автограмски писма бил речиси со детски приказ.Regesto 2012, pp. 109-111, 115-116, 144.

На 12 декември 1484 година, на деветгодишна возраст, Џулија го загубила својот татко. Мајката Џованела сметала дека поради таа причина тоа бил моментот соодветно да се надоврзе на договорот склучен доста години претходно меѓу кардиналот Родриго Борџија и нејзиниот сопруг Пјер Лујџи. Во тој договор стоело правило во врска со свршувачката на децата. Џулија се претпоставува дека била мажена за Орсино Орсини (1473 - 1500), внук на тогашниот кардинал, и владетел на местото Басанело (денес познато како Вазанело).

Бракот на Џулија мини|Дамата и еднорогот од Лука ЛонгиВеројатен портрет на Џулија Фарнезе. Брачниот договор бил склучен во Рим на 20-21 мај 1489 година, во резиденцијата на моќниот шпански кардинал Родриго Борџија, кој три години подоцна бил избран за папа со името на Александар VI. Џулија во моментот на склучување на бракот имала 15 години. Орсино, пак за кого се омажила имал седумнаесет години. Тој бил син на Лодовико Орсини Милиорати и Адријана де Мила, инаку братучетка на кардиналот Борџија.Regesto 2012, pp. 11-20. Младоженецот бил слеп на едното око (толку многу што го добил прекарот monoculus Orsinus - едноокиот Орсино). Иако припаѓал на семејство со големо и славно име, тој бил прилично досаден и со карактер сличен на војник кој секогаш правел сѐ што е можно за да не се најде во битка, односно да ја избегне обврската.

Вистинскиот брак се случил една година подоцна, на 9 мај 1490 година. Бракот постигнат во Рим бил прославен со голема поворка составена од народ на римското благородништво. Според известувањето на Џовани Буркардо (Јоханес Буркард), папски господар на церемониите од тоа време, во неговата Книга со белешкиRegesto 2012, pp. 21-22. било забележано дека Џулија, според нејзината должност, во чекор го следела идниот сопруг Орсино сѐ до имотот Басанело.

Во тоа време се отворила дебата за тоа дали на датумот на својата венчавка Џулија веќе му била љубовница на Родриго Борџија, човек многу наклонет кон сензуалноста. Тој имал дури четири деца заедно со љубовницата Ваноза Катанеи, и најверојатно други деца со неколку непознати жени. За некои во тоа време, бракот би бил одлично покритие за постоење на тајна врска. Постоел несвет и веројатно таен договор помеѓу свекрвата на Џулија, Адријана де Мила и кардиналот, нејзиниот братучед Родриго. Овој несвет договор му овозможило на синот на Адријана, Орсино значително да напредува во благородничките води. Во реалноста, не постоел документ со кој ќе се одреди почетокот на врската. Секоја друга претпоставка претставува само непрецизно нагаѓање.

Исто така, се отворила дебата дали ќерката на Џулија, Лаура Орсини, родена на 30 ноември 1492 година,Regesto 2012, p. 33. била дете создадено од Орсино или пак дете на Родриго Борџија. Едно е сигурно, а тоа е дека семејството Фарнезе (а особено вториот син Алесандро, братот на Џулија) се обидело да ѝ најде сопруг на Лаура уште од најраното нејзино детство, соопштувајќи дека е ќерка на папата.Lo riferisce Lorenzo Pucci nella lettera già citata a Giannozzo Pucci, da Roma, -24 dicembre 1493, in Regesto 2012, pp. 83-87. Сепак, треба да се забележи дека Александар VI (Родриго Борџија), иако секогаш бил многу дарежлив кон своите деца, дури и кон оние чии имиња не се знаат, направил многу малку за Лаура, можната ќерка добиена заедно со Џулија. Можеби пак папата се ограничил на поддршката и целите на целовкупното семејството Фарнезе. Се обидувал со своето молчење, односно лага која се однесува на тајната љубов со Џулија да не му наштети на нејзиното семејство.

Љубовникот Родриго Борџија мини| Дете Исус од рацете копија од Пинтурикио од Пјетро Факети. Лицето на Марија би било она на Џулија Фарнезе. Врската била консолидирана во 1493 година, кога се наоѓала Џулија во Рим, далеку од нејзиниот сопруг, сместена во палатата Санта Марија на кардиналот Јован Батиста Зено во делот на Портико (во непосредна близина на Ватикан, каде што се наоѓа колонадата на Бернини)Ubicazione precisata da G. Chastenet nel volume "Lucrezia Borgia". L'attuale chiesa di Santa Maria in Portico di piazza Campitelli prende invece il nome dall'antica chiesa di Santa Galla, abbattuta da tempo. со ќерка на папата, Лукреција Борџија, но под одобрено туторство на нејзината свекрва Адријана де Мила. Џулија примала постуланти кои барале благодат од страна на папата. Исто така направила сѐ за да добие значителна црковна придобивка и за Лоренцо Пучи кој бил девер на нејзината сестра Гиролама, кој подоцна ќе биде поставен за кардинал и понтификален датер. На 20 септември 1493 година, Алесандро Фарнезе, братот на Џулија, бил прогласен за кардинал.Regesto 2012, p. 50. Го добил прекарот „Кардиналот Фрегнезе“, со кој останатите се потсмевале поради недозволениот начин на кој дошол на функцијата. На 14 ноември 1494 година, Алесандро добил и легација на Наследството на Свети Петар (папска провинција), која предвидувала 100 дукати месечно и која овозможила да се управува со територијата на која биле населени семејството на Фарнезите. Адријана де Мила и Орсино Орсини ги добиле имотите на Карбоњано и Јулијанело (денес познато како Вињанело).Regesto 2012, p. 90.

Во тој период Џулија била признаена љубовница на папата, целосно заслепена од неговата страст. Џулија била убава и провокативна млада жена, па многумина започнале да ја нарекуваат конкубина на папата или дури, или дури и иронично, спонза Кристи. Она што требало да биде едноставна приказна поврзана со креветот, се претворила во незадржлива сенилна, погубна и опсесивна страст. Пламенот на таа страст долго блескал. Страста помеѓу Џулија и папата често се граничела со мрачни желби и морбидно -делресивна љубомора. Папата Александар VI во еден момент стигнал до точка да ѝ се закани на Џулија со екскомуникација ако таа се обиде да го напушти.Nella famosa lettera del 22 ottobre 1494, nella quale il papa chiama Giulia ingrata et perfida (Regesto 2012, pp. 170-171).

Крај на наложницата На 12 јуни 1493 година се одржала свадбената церемонија помеѓу тринаесетгодишната Лукреција Борџија, ќерка на папата, и Џовани Сфорца, господарот и владетел на војводството Пезаро. Вистинскиот брак се случил една година подоцна, поради одредени пречки (пред сѐ поради незрелоста и малолетноста на девојката). Неколку дена по завршувањето на свеченоста, двајцата младенци заминале за Пезаро. Џулија и Адријана де Мила ги придружувале и решиле да останат во Пезаро неколку недели. Папата бил многу нетрпелив и на секој начин сакал да ја врати Џулија не бирајќи начин да го стори тоа.

Во меѓувреме некаде во пролетта, трупите на францускиот крал Шарл VIII ја нападнале Италија. Нападот бил поради причината за да ја одземе круната од кралството Неапол. При овој напад тој лесно се пробивал низ Италија кон југ без да наиде на некој сериозен отпор. Загрижен за безбедноста на својата сакана Џулија, папата ѝ наредува таа да го напушти Пезаро и веднаш да се врати во Рим. Во меѓувреме пристигнала веста дека Анџело Фарнезе, братот на Џулија, бил во многу тешка состојба во тврдината Каподимонте. Пркосејќи му на папскиот гнев и загриженост, Џулија по добиената вест веднаш заминала во Каподимонте кај Анџело, кој сепак кога таа пристигнала бил веќе мртов (12 јули).Regesto 2012, p. 135. По смртта на Анџело, Џулија и нејзиниот друг брат Алесандро ненадејно се разболеле. Папата Александар VI ги испратил во Каподемонте своите најдобри лекари за да ги лекуваат братот и сестрата.Regesto 2012, pp. 136-137.

Кон есента истата таа година инсистирањата од страна на папата се наголемиле. Тие преминале дури и во заканувачки инсистирања во кој се барало итно враќање на Џулија во Рим. Кон овие инсистирања и закани се придружил и Орсино кој гласно барал враќање на неговата сопруга во Басанело. Борџија таквите ситуации ги решавал на неговиот вообичаен начин: со многу арогантна решителност. Напишап писмо со остри зборови против Џулија, а особено против самата Адријана, заканувајќи им се на двете со екскомуникација. Разлутениот Борџија со отровни писма ги нападнал сите свои соговорници, вклучително и самиот кардинал Алесандро Фарнезе, но и Орсино. При отворениот напад ги обвинил за големите бенефиции кои им биле дадени, одејќи дотаму што им се заканувал со екскомуникација и дополнително со конфискација на имотот, доколку се спротивстават на неговата желба.Regesto 2012, pp. 166-173.

Заплашувањето од страна на папата било успешно, бидејќи Џулија, нејзината свекрва и нејзината сестра Геролама конечно тргнале во правец кон Рим. Но, некаде на планинскиот врв Витербо, поворката на дамите, придружувана од триесет коњаници, која папата специјално ја испратил од Рим, била пресретната од една претходница на француската војска. Триесетте коњаници кои биле специјализирани „за парада“ наместо за борба, не можеле да дадат никаков посериозен отпор. Француската војска, знаејќи со кого си имаат работа, си помислиле дека од таа ситуација можат да извлечат доста. Ги киднапирале трите дами барајќи откуп од дури три илјади дукати. Папата ги искористил сите можни дипломатски потези и по неколку дена, благодарение најмногу на личниот придонес на Шарл VIII, трите дами биле ослободени и тие го продолжиле патувањето кон Рим, но овојпат придружувани од вистинска и регуларна војска.Regesto 2012, pp. 183-192. На 1 декември дамите со придружбата влегле во градот Рим. Џулија истата таа ноќ наводно, ја поминала во Ватикан. Веднаш, потоа Џулија била помилувана од страна на љубовниот понтиф за дрскоста кој ја покажала спрема него.Regesto 2012, p. 190: lettera di Pandolfo Collenuccio al duca Ercole I d’Este: «dicesi che domenica de nocte [madama Iulia] allogiò in palazzo».

Бегството од Рим Веста за напредувањето на војските на Шарл VIII била сè позагрижувачка, а со тоа растел и се ширел стравот во Рим. Папата немал намера да ја напушти Светата столица, и покрај тоа што многумина силно му сугерирале да го стори тоа. Џулија, откако се вратила неколку дена порано, била исплашена за себе и за својата ќерка. Во тој момент ништо не посакувала, единствено само што побрзо да го напушти Рим. Поради таа причина таа се свртела кон нејзиниот брат Алесандро барајќи од него да ѝ помогне да организира колку е можно побрзо заминување од градот. Две седмици пред доаѓањето на Шарл VIII и неговите војници, Џулија успеала да го напушти Рим и тоа без знаење на папата. Од тој момент, Александар VI никогаш повеќе немало да ја види својата сакана.