мини|Гоне Бегинин и неговата сопруга Магда во комитска облека, 1903 г. Гоне (Гоно) Бегинин е македонски ајдук и револуционер.
Животопис Роден е во 1867 година во Кукуш. Стекнува основно образование. Работи како фурнаџија во Солун. Од 1896 година е четник во арамиската чета на Георги Латровалијата во Поројско, која му служи на Врховниот комитет. Подоцна е во четата на Васе Шуперлијата и заедно со Васе Пехливана пренесува оружје за Малешевијата. Привлечен е од ВМОРО и е дел од четата на Иванчо Карасулијата. Летото 1899 година е војвода на чета од 4 души во Кукушко, која го придружува Гоце Делчев. Од 1901 до 1903 година е во четите на Христо Чернопеев и Крсто Асенов. Со Асенов тајно ривалствува за првенство меѓу четниците. На почетокот на Илинденското востание организира заговор за убиство на Крсто Асенов. На крајот на востанието е фатен во Софија и од организацијата осуден на смрт, но казната не е извршена по барање на братот на Крсто, Јордан Асенов. Во Балканските војни учествува во Македонско-одринското ополчение, во четата на Гоце Брдаров, а потоа и во 2-ра чета на 13-та кукушка дружина.
Наводи
Категорија:Дејци на ВМОК Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски војводи Категорија:Учесници во Илинденското востание