мини|297x297пкс|Катедралата Санта Марија Асунта (или Санта Марија Матриколаре) во Верона Катедралата во Верона, чие официјално име е катедралата Санта Марија Асунта, но исто така позната и како катедралата Санта Марија Матриколаре, чие име доаѓа од името на старата ранохристијанска црква. Оваа катедрала претставува главното место на католичката богослужба во градот Верона. Во исто време таа е и мајка црква на истоимената италијанска епархија (Веронска епархија)и национален споменик. Градбата на катедралата претставува дел од еден артикулиран поширок архитектонски комплекс, кој ги вклучува палатата Палацо дел Весковадо, манастирот на Каноните, библиотеката за поглавјата, крстилницата Сан Џовани во Фонте и црквата Санта Елена. Крстилницата и црквата Сан Елена се поврзани со катедралата преку портата на Санта Марија Матриколаре (Санта Марија Асунта).
Историско потекло на катедралата
Ранохристијанско потекло Некаде на почетокот на четвртиот век започнала поинтензивна фаза на христијанизација на градот Верона. Во тој период извршена е и реорганизација на локацијата каде што и денес стои комплексот на катедралата. Така, во првата половина на четвртиот век бил изграден првиот верски објект во градот, таканаречената „црква А“, која можеби во тоа време го зазела просторот на храмот посветен на Минерва и местото наменето за јавните бањи. Таа црква во тоа време била со димензии од 16,9 метри по ширина и 37,5 метри по должина. Архитектурата бил создадена од три делови наречени кораби, со една апсида и презвитерскиот простор кој бил подигнат и изолиран од корабите со помош на неколку бариери. Тие бариери, но и презвитерскиот простор сè уште делумно се видливи под црквата Санта Елена. Таа градба всушност се наоѓала во рамките на римскиот патен систем, на третиот лев цитратен дел наречен кардо.Notiziario della Banca Popolare di Verona, Verona, 1991, n. 2. Во втората половина на четвртиот век, веројатно за време на епископијата на Сан Зено, малата базилика била опремена со хипокаусно греење. Подот затоа бил подигнат и украсен со елегантни мозаици.
Во тоа време веројатно постоела крстилницата, сместена на простор во содејство со сегашната крстилница Сан Џовани во Фонте, како и со други доградби вклучувајќи ја резиденцијата на епископот, како и со училиштето за свештеници и дело на Скрипториумот. Оваа поставеност со сигурност е констатирана во 517 година, но можна е и дури некаде од 4 век. Понатаму, со сигурност може да се рече дека постоела и втора црква близначка сместена јужно од црквата познат како црква А, односно локацијата се поклопува со онаа на која денес стои Катедралата. Се претпоставува дека тоа би можело да биде еден вид на таканаречен палеохристијански комплекс или здание познато како „двојна катедрала“. Документите за ова тврдење се наоѓаат во записите кои се чуваат во Лион и Женева. мини| Остатоци од мозаичниот под на „црквата А“, најстарата ранохристијанска базилика во градот Верона, денес составен дел од црквата Санта Елена Веќе во втората половина на петтиот век, била изградена втора базилика со поголеми димензии од претходната. Таа втора базилика едноставно била наречена „црква Б“, од која археолошки остатоци останале во манастирот на Каноните и во црквата Санта Елена. Изградбата на оваа втора градба вклучувала и делумно уривање на претходната базилика, црквата А. Зачуваниот дел од преходната базилика дел бил поделен на простории и користен за други намени. Новата базилика била со димензии 29,2 метри по ширина и дури 72,8 метри по должина. И таа била формирана од три кораби со една централна апсида. Оваа базилика била опремена со припрата (дел од црква) сместен во просторот каде што денес стои библиотеката на поглавјата, можеби претходно предвиден простор за четириаголна врата. И оваа црква имала богато украсен под со мозаици и се одликувал со издигнат презвитерски простор. Од тој дел започнувала солејата, која претставува тесна патека со бариери која се спушта кон подиумот на презвитериумот по должината на централниот кораб. Подоцна, во првата половина на 6 век биле додадени две полукружни структури на солејата, со што се извршила трансформација веројатно поради потребните ажурирања за потребите на христијанскиоте ритуали. лево|мини| Остатоци од мозаичниот под на „црквата Б“, сместен во манастирот на Каноните Помеѓу крајот на осмиот век и почетокот на деветтиот век била изградена новата катедрала, токму на истиот просторот каде што и денес постои. Нејзиниот трансфер од црквата Б во новата црква посветена на Санта Марија Матриколаре била планирана и започната од страна на епископот Аноне.Тој епископ бил првиот веронски бискуп кој бил погребан во новата катедрала. Доградувањето на новата катедрала го спровел неговиот наследник Ратолдо. Згаснувањето и непостоењото на црквата Б најверојатно се должело на голем пожар. Пожарот се споменувал во еден документ од 806 година. Во записите стоело дека пожарот го опфатил целиот епископски комплекс некаде кон крајот на VIII век и истиот можел да предизвика и целосно уривање на ранохристијанската базилика нарекувана црквата Б. Сепак, подоцна била изградена сосема нова црква врз темелите на она што останало од поранешната античка базилика. Таа првично била посветена на Сан Џорџио и Зено. Денес оваа црква е позната како црквата Санта Елена. Изградбата на новата црква била нарачана од страна на архиѓаконот Пацифико. Црквата била осветена некаде помеѓу 842 и 847 година од страна на патријархот на Аквилеја извесен патријарх Андреа.
Црквата била дополнително обновена во првата половина на 9 век по налог на епископот Ратолдо и архиѓаконот Пацифико. Во истиот тој период, просторите за свештениците биле целосно реорганизирани, особено просторот училиштето сакардолум и ксенодохиум или таканаречената „болница на Санта Марија ал Домо“. Реконструкција претрпеле и манастирот на Каноните, но и сите репрезентативни простории.
Реконструкцијата на романските форми мини|Страничнaта порта заштитена со протирум од романската ера изработен во дрворез од 1903 година Од изградбата (или реконструкцијата) на катедралата изведена во 9 век, речиси ништо не останало, бидејќи градот Верона во 1117 година бил погоден од катастрофален земјотрес. Земјотресот предизвикал сериозни оштетувања на целиот катедрален комплекс. Била предизвикана реконфигурација на романските форми и тоа на сите објекти кои го сочинувале комплексот. Сепак, структурата на целосниот потег на градби конструиран од страна на Ратолдо и Пацифико останал суштински непроменет или идентичен со канонскиот манастир. Сегашниот изглед на катедралата со дополнителните елементи, се споменува во документите и тоа почнувајќи од 1123 година. Реконструкцијата на крстилницата Сан Џовани во Фонте, била нарачана од страна на епископот Бернардо. И таа (се мисли на крстилницата) исто така води потекло од 1123 година. И реконструкцијата на целата црква Санта Елена целосно се случила во приближно тие години, бидејќи била осветена некаде во 1140 година од страна на патријархот Пелегрино, патријарх на Аквилија.
Катедралата повторно била изградена, започнувајќи од 1120 година, и тоа во романски стил. Дизајнерот на новото издание не е познат, но познати се некои занаетчии, особено извесен Николо, кој ја создал влезната порта со двоен дел наречен протирум. Овој факт може да се идентификува благодарение на натписот кој стои на делот од надворешното крунисување на долниот протирум (Низ вековите народите го величеле одметникот на гномите Николо, а тој е човекот кој го создал ова дело со длабење). Друг човек кој бил познат по својот занает и работел на портата бил мајсторот Пелегрин, чиј потпис е изгравиран на лак на кој е претставен Христос меѓу светите Петар и Павле. Ова дело денес е заштитено и се чува во музејот Кастелвекио, но која била точната намена на лакот не е познато. Новата катедрала била осветена на 13 септември 1187 година од страна на папата Урбан III.
Оваа романска градба, чиј планиметриски распоред суштински останал непроменет сѐ до денес, сè уште е читлива и видлива дури и по ѕидовите особено во делот на извајаните рамки, но и во просторот на двата тремови, главниот и страничниот. Сѐ е добро видливо и покрај фактот дека постоеле бројните трансформации што биле сторени во наредните векови. лево|мини| Детал од фризот поставен на црквата со романски стил Црквата имала план со иведба на три кораби кои биле поделени со два реда на сводови поставени на столбови наизменично со останатите столбови на катедралата. Постоела длабока централна апсида и две помали странични апсиди создадени во самата дебелина на ѕидот. Тогашниот објект бил со помала висина од сегашната висина на сегашниот објект. Покривот морало да биде изведен со потполно откриени греди. Оригиналната височина на корабите била лесно воочлива, благодарение на остатоците од корнизот кој сè уште бил присутен како на делот од фасадата, така и на страничните коти. Корнизот на фасадата бил особено важен, бидејќи двата фрагменти од висечките сводови сместени меѓу триаголните потпори и готските мулионирани прозорци сведочат за максималната висина на страничните кораби. Двата агли пак на главната фасада и другите фрагменти од корнизи укажувале на нивната минимална висина. На централниот кораб, минималната височина ни ја дава висината на триаголните потпори кои ја делат фасадата на три дела. Гребенот на покривот не е можно да се идентификува поради честите последователни трансформации. Тремот на страничната влезна порта припаѓал, односно водел потекло од првата градба, чии главни зафати најчесто се изведувале помеѓу дваесеттите и триесеттите години на 12 век, тој дел се претпоставува дека е изградена во втора фаза на градба или некаде околу 1139 година. Тремот кој го заштитувал главниот влез, бил дело на гореспоменатиот мајстор и знаетчија Николо.
Готика, ренесансни трансформации и реставрации мини| На страните од фотографијата се поставени столбови од 15 век во готски стил, додека во центарот на контрафасадата внатрешната порта, изградена во почетокот на 17 век Првиот проект за реновирање веројатно води потекло од 14 век и во него биле предвидени проширувања на објектот и неговата површина требало да ја зголеми и да содржи вкупно пет кораби. Новата реконструкција сепак не започнала пред почетокот на 15 век. Интервенциите извршени во XV век предвидувале подигнување на корабите, кои на тој начин ја достигнале својата сегашна височина; потоа замената на колонадите со вкупно осум масивни греди во вид на столбови кои ги потпираат заострените лакови. Исто така било предвидено да се изградат попречни сводови за покривање на внатрешноста. Било извршено и конечно отворањето на страничните капели, вклучувајќи ја и капелата Мемо и секако поголемата капела посветена на Мадона дел пополо (Богородица на народот). Изработените столбови и капителите со листови, биле изработени во јасен готски стил. Конечниот изглед наликувал на проектот инспириран на некој начин уште од оној проект од четиринаесеттиот век кој никогаш не бил ни започнат. Изведбата сепак била доста изменета при што биле воведени некои чудни и необични елементи. Помеѓу другото, овие елементи подоцна биле земени како модел кои го користеле градителите на познатата Миланска катедрала. Градителите на миланската катедрала лично ја посетиле катедралата во Верона за да можат да ги искористат посочените архитектонски елементи.