Свети Атанасиј — главна селска црква во гостиварското село Чајле, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во маалото Старо Чајле, сместена под утврдувањето Градиште. Околу црквата е зачувана дабова шума, а црквата уште во минатото била слабо посетувана, бидејќи е доста оддалечена од самото село. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.

Историја

Црквата била подигната околу 1870 година. Претходно на тоа место се познавале остатоци од некој манастир.

Галерија

Поврзано Гостиварско архијерејско намесништво Гостиварска парохија Чајле

Наводи

Надворешни врски

Чајле Категорија:Чајле