мини|Рафаело Рафаело — кондиторски прозвод појавен на пазарот во 1990 година, од италијанскиот производител Фереро. Производот е во форма на топка од кокос и бадем. Во својот состав содржи: сферична обланда која е исполнета со бел млечен крем и бели бланширани бадеми, опкружени со слој од кокос. Продуктот содржи големо количество на лактоза, што го прави Рафаело некомпатибилен за потрошувачите со нетолеранција на лактоза.
Фабриките на Фереро кои го произведуваат Рафаело се: Владимир, Русија, Брантфорд, Канада, и Арлон, Белгија. Најголемиот пазар на слатките призводи на Фереро и Рафаело е Русија.
Во 2008 година, белгиската компанија Соремартек (дел од групацијата Фереро) започнала правна постапка против Ландрин, украинска компанија која почнала со произведување на слатки во 2007 година слични на Рафаело, наречено Варферато. Соремартек поднеле тужба против Ландрин дека го прекршиле заштитниот знак на Соремартек за заштита на изгледот на нивните слатки, Рафаело. По долга судска борба, судот на Украина пресудил во корист на Ландрин.
Во 2017 година, судот во Франкфурт на Мајна, Германија, пресудил Фереро да го наведе бројот на слатки во секое продадено пакетче Рафело, наместо само да ја наведе тежината.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Слатки Категорија:Италијанска кујна