Света Петка — помала селска црква во гостиварското село Церово, Македонија.
Местоположба Црквата се наоѓа над последните куќи од селото, до која води земјена патека.
Историја Црквата била осветена на 25 октомври 2015 година. Ктитори се Димчо и Даниела Трпески. На самиот влез од црквата, се наоѓаат икони на архангел Гаврил и Архангел Михаил, кои за жал се насликани со орудија во рацете.
Покрај тоа, црквата има икони и од светците Антоние, апостол Петар, апостол Павле и света Петка. На иконостасот има фрески и икони од Исус Христос, Богородица и Свети Јован Крстител.
Галерија
Поврзано Гостиварско архијерејско намесништво Мавровска парохија Церово
Наводи
Надворешни врски
Церово (Гостиварско) Категорија:Церово (Гостиварско)