Аоста (, ) е град во северна Италија. Градот е центар на најмалата италијанска провинција Аостанска Долина. Градот е и најмалиот провинциски центар во земјата.

Географија

Аоста се наоѓа во крајниот северозападен дел на Италија, блиску до националната граница со Франција и Швајцарија. Градот е оддалечен 780 километри од главниот град Рим и 114 километри од најблискиот поголем град, Торино.

Градот лежи на левиот брег на реката Дора Балтеа, на патот кон превојот Голем и Мал Свети Бернард, кој ја поврзува Италија со Франција и Швајцарија. Во близина на градот и границата со Швајцарија и Франција се највисоките планински врвови во Европа: Монблан, Матерхорн и Монте Роза.

Историја Градот бил основан од римскиот император Октавијан Август во 24 п.н.е., по победата на Теренс Варус над лигурскиот Салас и бил населен од преторијанците на Август Преторија. мини|274x274пкс|Сводови од античкиот театар

Градскиот план сè уште ја има зачувано мрежата на античките улици и дава јасна слика за изгледот на римскиот каструм. Триумфалната капија на август во Аоста е еден од најстарите примери од ваков вид.

Популација Според резултатите од пописот на населението во 2011 година, во општината живееле 34.102 жители. +Демографија19311936195119611971198119912001201113.96216.13024.21530.63336.90637.19436.21434.06234.102 Во Аоста денес има околу 35.000 жители. Околу половина од населението го користи францускиот како мајчин јазик, а половина (најчесто имигрантите од југот) го користат италијанскиот. Во текот на изминатите децении, многу имигранти од странство се преселиле во градот.

Економија Во последните децении, Аоста, како град опкружен со Алпите, се повеќе станува туристичка дестинација, особено во зима. За ова придонесува и близината на највисоките алпски врвови и важни туристички места (на пр. Шамони).

Градски знаменитости десно|мини|270x270пкс| Триумфална капија на Август десно|мини|270x270пкс| Аоста - Преторијанската порта Аоста е туристичко, културно, комерцијално и индустриско седиште. Има остатоци од римската ера и други претходни епохи, од кои најпознати се:

Триумфалната капија на Август Катедралата Нотр Дам Преторијанската порта Антички амфитеатар кој може да прими 4.000 гледачи. Театарот, од кој денес е останата само јужната фасада, е висок 22 метри. Структурата, која датира од доцното владеење на Август, зафаќала површина од 81 на 64 метри. Црквата /

Градови партнери

Нарбон Албервил Шамони Мартињи Синај Каолак Сан Џорџо Морџето

Галерија

Наводи

Категорија:Аостинска Долина Категорија:Градови во Италија Категорија:Градови во Аостинската Долина