Членувањето во "Клубот на великаните" на МОК претставува посебна чест за секој спортист и спортски работник во Македонија. Секој член на "Клубот на великаните" добива статуа, златен прстен и значка.
Во клубот на великаните на МОК досега се избрани: 1997 Насе Насев (борење) и Благоја Георгиевски (кошарка).
1998 Владимир Богоевски (одбојка), Нада Ицева (падобранство), Атина Бојаџи (маратонско пливање), Ристо Дарлев (борење), Александар Тасевски (одбојка) и Димитар Илиевски - Мурато (алпинизам), посмртно.
1999 Шабан Сејди (борење) и Аце Русевски (бокс).
2000 Благоје Видиниќ (фудбал) и Трајан Јовковски (кајак).
2001 Лазар Лечиќ (кошарка) и Миле Спасовски (кајак).
2002 Бранимир Јовановски (стрелање - параолимпиец) и Војче Синадиновски - посмртно.
2003 Зоран Шоров (борење) и Реџеп Реџеповски (бокс).
2004 Стојна Вангеловска и Ванчо Каранфилов.
2005 Славко Матовски (основоположник на повеќе спортови во Македонија) и Дарко Панчев (фудбалска легенда, добитник на златна копачка на Европа и еден од најталентираните голгетери).
Категорија:Македонски Олимписки Комитет