Франческо Стивен Кастелучио (анг: Francesco Stephen Castelluccio; роден на 3 мај 1934 година), познат по неговото уметничко име Френки Вали (Frankie Valli), е американски пејач, а популарност стекнал на почетокот од 1960-тите како фронтмен на поп групата Four Seasons. Препознатлив е по неговиот невообичаено моќен фалсет глас.

Вали заедно со Four Seasons имал 29 песни кои се пласирале на Топ 40 листата, една песна на топ 40 под алијасот на Four Seasons Wonder Who?, и девет песни на Топ 40 како соло изведувач. Како член на Four Seasons, песните со кои Вали се искачил на прво место на топ листата се: „Sherry “ (1962), „Big Girls Don't Cry“ (1962), „Walk Like a Man“ (1963), „Rag Doll“ (1964) и „"December, 1963 (Oh, What a Night)“ (1975). Неговиот препев на песната „Can't Take My Eyes Off You“ се искачила на второ место во 1967 година. Како соло пејач, Вали се нашол на врвот на топ листите со песните „My Eyes Adored You “ (1974) и „Grease“ (1978).

Вали, Томи Де Вито, Ник Маси и Боб Гаудиооригиналните членови на Four Seasonsбеа примени во Куќата на славните на рокенролот во 1990 година Rock and Roll Hall of Fame entry for "The Four Seasons". и Куќата на славните вокални групи во 1999 година

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Италоамериканци Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1934 година Категорија:Пејачи од Њу Џерси Категорија:Американски рок пејачи Категорија:Американски поп пејачи Категорија:Американски пејачи од 21 век Категорија:Американски пејачи од 20 век Категорија:Американски ТВ глумци Категорија:Пејачи во Куќата на славните на рокенролот