Зупа тоскана е термин што буквално значи „тосканска супа“, но во Италија се нарекува „Минестра ди пане“ што значи „Супа од леб“. Класичната зупа тоскана обично е супа направена од кељ, тиквички, грав канелини, компири, целер, моркови, кромид, пулпа од домати, ладно цедено маслиново масло, сол, чили во прав, препечен тоскански леб и ригатино (италијанска сланина).
Кромидот, морковите и целерот се сечкаат на коцки и се ставаат во врело масло и сол. Другиот зеленчук потоа се додава со чилито и се вари околу 15 минути. Се додава вода и смесата се динста околу 30 минути. Супата се служи на препечен тоскански леб, со малку попрскано ладно цедено маслиново масло.
Северноамериканската верзија, популаризирана од Олив Гарден и направена со италијански колбас, мелени црвени пиперки, бел кромид исечкан на коцки, сланина, пире од лук, пилешки бујон, дебела павлака, компири и кељZuppa toscana tuscanrecipes.com е побогата од оригиналот.
Поврзано
Риболита
Наводи
Категорија:Италијанска кујна