мини|284x284пкс| Модуло дизајн скица Ферари 5132S Модуло е концептен спортски автомобил дизајниран од Паоло Мартин од италијанската каросерија Пининфарина, претставенa на Саемот за автомобили во Женева во 1970 година.

Опис Модуло има екстремно нискa каросиерија и е во облик на клин, со стаклен покрив во стил на крошна кој се лизга напред за да овозможи влез во кабината на автомобилот. Сите четири тркала се делумно покриени. Друга посебна одлика на дизајнот се 24 дупки во капакот на моторот што го откриваат моторот Ферари В 12 кој развива 410 KW за да го придвижи автомобилот до максимална брзина од околу 354 km/h  за приближно 3,0 секунди. 

Историја Модуло првично започнал како Ферари 512S (шасија и мотор #27) и бил претворен во 612 Can Am спецификации. По тестирањето, моторот и менувачот биле отстранети, а шасијата била дадена на Пининфарина со цел да направи автомобил наменет за шоу. Изложбениот автомобил дебитирал на Саемот за автомобили во Женева во 1970 година и првично бил обоен во црно, но подоцна бил обоен во бело. Модуло бил добро прифатен од критичарите и имал освоено 22 награди за неговиот дизајн.

Во 2014 година, Пининфарина го продал Модуло на американскиот претприемач и љубител на автомобили Џејмс Гликенхаус, кој го вратил во целосна работна состојба.

Наводи

Надворешни врски

Ferrari Modulo на веб-страницата на Pininfarina (италијански) Модуло на Ферари на веб-страницата на Паоло Мартин Ferrari 512 S Modulo на UltimateCarPage.com

Категорија:Ферари Категорија:Автомобили