Гинтер Фелингер (германски: Günther Fehlinger; Линц, 1968) е австриски економист и лобист на ЕУ и НАТО. Тој е познат по своите екстремни антисрпски ставови и застапување за независност на Косово и Метохија.
Биографија Роден е во 1968 година во австрискиот град Линц. Дипломирал на Виенскиот универзитет за економија и бизнис.
Работел во невладини организации низ Европа.
Од 2005 година, Гинтер е фокусиран на економските реформи и политиката на МСП во европските земји во транзиција, главно во Косово и Метохија, Албанија и Украина.
Тој е поборник за проширување на НАТО пактот и Европската унија (ЕУ).
Антисрпски ставови Фелингер е познат по своите екстремни антисрпски ставови кои ги објавува на социјалните мрежи. Тој побара Србија да ја признае независноста на Косово и Метохија, да воведе санкции кон Русија, да се закачи украинското знаме на зградата на Претседателството на Србија во Белград и хотел Москва да се преименува во Хотел Киев. Тој при посетата на Белград побара споменикот на Милица Ракиќ да се замени со споменик на Медлин Олбрајт и се сликаше со НАТО и албанското знаме. Тој објави слика со знамето на НАТО во Белград на годишнината од почетокот на НАТО агресијата врз СР Југославија и по тој повод му се заблагодари на НАТО за бомбардирањето. Тој е во добри односи со адвокатот Чедомир Стојковиќ, кој беше гостин на конференција во Белград.
Постапката на Фелингер го предизвика гневот на српската јавност и дијаспората, по што во јавноста беа објавени неговиот телефонски број и адресата во Виена. По овој настан Фелингер изјавил дека цела ноќ добивал заканувачки пораки од „српските екстремисти“.
Антимакедонски ставови Тој предложи Македонија да ги укине државните празници кои Бугарија ги смета за провокативни, како што се Денот на македонската револуционерна борба и Ден на востанието на Македонија. Тој побара и Македонија да почне да го одбележува 4 април како Ден на НАТО.
Наводи
Категорија:Австриски економисти