Соишта (дијалектно: Соишча) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Рупишта на Костурскиот Округ во Западна Македонија, Грција.

Географија Селото се наоѓало меѓу Старичани, Брештени и Псоре. Имало две маала — Горно и Долно Соишта. Реката на која се наоѓало селото, притока на Галешово, и денес го носи името Соишта.

Историја Селото било растурено во 1879 г. од разбојнички банди по нарачка на грчкиот костурски митрополит бидејќи населението одбивало да се изјасни како грчко. Селаните се населиле во Старичани, Лудово, Жужелци и други села.

Наводи

Категорија:Историски села во Рупишта