Грипа — поранешно село во Гуменџиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија, Централна Македонија, Грција.

Географија Селото се наоѓало на источните падини на планината Пајак, близу местото кајшто се спојуваат реките Голема (Валија Маре) и Студена (Валија Раци). Лежело меѓу селата Купа и Црна Река.

Историја Грипа било македонско село распаднато на почетокот на XIX век поради чести напади од разбојнички банди сочинети од турски и албански дезертери од турската војска, месно познати како „тумбулеци“. Жителите се преселиле во селата Баровица и Црна Река. Нивните потомци сè уште го паметат своето потекло. Меѓу нив познато е семејството Шашови. Месноста и денес го носи името Грипа.

Наводи

Категорија:Историски села во Пајонија (општина)