Мрзливиот Град () — исландска детска емисија на Nick Jr. и CBeebies. Серијата е во режија на Магнус Шевинг, а освен како творец, тој го игра и еден од главните ликови во серијата — Спортакус (снажен суперјунак што сака да спортува и да јаде само овошје и зеленчук). Мрзливиот Град бил премиерно прикажан на 16 август 2004 г. Емисијата била емитувана во над 100 земји со огромен успех, вклучувајќи ја и Македонија, и има вкупно 104 епизоди.

Содржина Главниот лик Стефани пристигнува во градот и ги поканува своите нови пријатели Зиги, Стинги, Пиксел и Трикси да бидат поработоспособни наместо да седат внатре и да играат игри по цел ден. Спортакус 10, кој се опишува себеси како „малку натпросечен јунак“, е повикан од нејзиниот вујко, несмасниот градоначалник Милфорд Минзвел. Спортакус настојува децата да играат надвор и им помага на луѓето во итни случаи, кои се случуваат одвреме-навреме. Меѓутоа, додека жителите на градот биле мрзливи, со градот управувал Роби, лут човек што живее во подземно дувло во близината на градот. Во повеќето епизоди, Роби се прикрива и се обидува да го избрка Спортакус од градот засекогаш, така што децата повторно ќе бидат мрзливи.

Емитување СезонаЕпизодиПочеток на сезонаКрај на сезона13416 август 200418 мај 200621825 септември 200615 октомври 2007Мрзливиот Град екстра2615 септември 200828 октомври 200831313 март 201318 декември 201341310 јануари 201413 октомври 2014

Улоги ЛикГлумецМакедонски глас (Сител)СтефаниЏулијана Роуз Мауриело/Клои ЛангБисера Самарџиева СпортакусМагнус ШевингПредраг ПавловскиЛошиот РобиСтефан Карл СтефансонДраган Спасов-ДацЗигиГудмундур Тор КарасонБорис ФранговТриксиСара БергесМихаила МазневаГосподин МилфордДејвид Метју ФелдманЗорица П. ПанчиќГоспоѓа БесиЏули ВествудТања Кочовска

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Исландски серии Категорија:ТВ-серии Категорија:Серија Категорија:Телевизија