Хиџаз (, al-Ḥijāz – бариера) ― регион во западниот дел на Саудиска Арабија. Ги опфаќа градовите Мека, Медина, Џеда, Табук, Јанбу, Таиф и Балџураши. Позната е и како „Западна провинција“ во Саудиска Арабија. Mackey, p. 101. "The Western Province, or the Hejaz[...]" На запад се граничи со Црвено Море, на север со Јордан, на исток со Наџд и на југ со регионот Асир. Најголем град е Џеда (втор по големина град во Саудиска Арабија), а Мека и Медина се четврти и петти по големина градови во државата. Хиџаз е најкосмополитски регион на Арапскиот Полуостров.
Хиџаз е значаен по тоа што таму се наоѓаат исламските свети градови Мека и Медина, најсветите места во исламот. Како место на двете најсвети места во исламот, Хиџаз добил на значење во арапската и исламската историја и политика. Регионот Хиџаз е регион со најмногу жители во Саудиска Арабија, како и во остатокот од Саудиска Арабија најмногу се зборува арапски јазик, а хиџашкиот арапски е најраспространет дијалект во регионот. Некои Хиџази имаат различно етничко потекло, но сепак огромно мнозинство имаат арапско потекло.
Регионот, според исламот, е родно место на исламскиот пророк Мухамед, кој е роден во Мека, за која месното население смета дека е основана од исламските пророци Абрахам, Исмаил и Агар. Областа по раните муслимански освојувања станала дел од неговото царство и била дел од калифатите кои се појавиле подоцна, прво била под Праведниот Калифат, па под Калифатот на Омајадите и на крајот од Абасидскиот Калифат. Отоманското Царство делумно ја контролирало областа; по неговото пропаѓање, накратко во 1925 година била дел од независното Кралство Хиџаз а потоа бил освоен од Султанатот Неџд, по што било создадено Кралството Хиџаз и Неџд. (Pbk. ed.) Во септември 1932 година, Кралството Хиџаз и Неџд се припоило кон саудиските доминации Ал-Хаса и Катиф, со што било создадено обединетото Кралство Саудиска Арабија.
Историја
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Црвено Море Категорија:Историски области Категорија:Географија на Саудиска Арабија Категорија:Координати на Википодатоците