Георги Шарески — македонски композитор, аранжер и гитарист, и музичар во интернационалниот проект The Skopje Connection, најдобро познат како лидер на Георги Шарески квартет.

Биографија Својата музичка кариера ја почнал во 1997 година. Како основец свирел во панк-составите Плав бојлер и Sidewalk. Од 2006 година, по враќањето од четиригодишниот студиски престој (џез-композиција и аранжмани) на колеџот Беркли во САД, го формирал џез-квартетот Георги Шарески квартет во состав: Оливер Јосифовски на бас, Александар Секуловски на тапани и Џијан Емин на клавијатури, по што започнал со документирање на собраните авторски материјали.

Од 2014 година живее и работи во Берлин, Германија.

Наводи

Категорија:Македонски музичари