Полинезиски Триаголник ― регион во Тихиот Океан на чии агли се наоѓаат три островски групи: Хаваи, Велигденски Остров (Рапа Нуи) и Нов Зеланд (Аотеароа). Обично се користи како едноставен начин за определување на Полинезија. Сите овие острови биле ненаселени во времето кога Европјаните пристигнале таму.

Денес, најбројни полинезиски народи се: Маорите, Хавајците (Канака Маоли), Тонганците, Самоанците, Ниуеанците и Тахиќаните. Сите јазици што месното население ги зборува во овој огромен триаголник се полинезиски јазици, кои лингвистите ги распределуваат како дел од океанската подгрупа од малајско-полинезиските јазици. Тие јазици влечат корени од прото-австронезискиот јазик, кој се зборувал во Југоисточна Азија пред 5.000 години. Има и многу полинезиски острови надвор од рамките на триаголникот во соседните Меланезија и Микронезија.O'Connor, Tom Polynesians in the Southern Ocean: Occupation of the Auckland Islands in Prehistory in New Zealand Geographic 69 (September–October 2004): 6–8

Поврзано

Потекло на Маорите

Наводи

Надворешни врски

Полинезиски културен центар Бишопски музеј Бернис Пауахи

Категорија:Тихи Океан Категорија:Географија на Полинезија __ИНДЕКС__