За истоимените борци, видете Карпош и Христијан Тодоровски-Карпош. За населбите Карпош во Скопје, видете Карпош (Скопје). За други значења видете Карпош (појаснување).

Карпош е приградска населба во североисточниот дел на Куманово, административно во состав на Општина Куманово. Населението се состои од околу 5.433 жители, најголемиот дел Македонци и Срби. Меѓу народот е позната под името „Рајкова куќа“, народното име го добила по некој човек кој се викал Рајко а неговата куќа била единствена во тој крај во тоа време. Населбата е оддалечена околу 3 km од центарот на Куманово, а во неа се наоѓа основното училиште „Магдалена Антова“. На влезот на населбата Карпош е поставен крст по повод 2000 години од христијанството во Македонија.

Етничкиот состав на населението е следниот: „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002.

Националност1994. год.2002. год.Македонци4.080 (89,9%)4.907 (90,3%)Срби454 (10,0%)503 (9,3%)останати6 (0,1%)22 (0,4%)ВКУПНО4.5405.433

Наводи

Категорија:Населби и маала во Куманово