Петси Клајн (родена како Вирџинија Патерсон Хенсли; 8 септември 1932 ― 5 март 1963 година) ― американска пејачка, една од највлијателните пејачки од XX век и една од првите кантри-пејачки што почнале да пејат поп-музика.CBS News (February 18, 2009).Browne, Ray; Browne, Pat (eds.) (2001). Во нејзината осумгодишна професионална музичка кариера Клајн имала неколку хитови на Билбордовата топ-листа.

Клајн се смета за една од најславните, најпочитуваните и највлијателните изведувачи од XX век. Нејзината музика влијаела врз многу музичари од различни стилови и жанрови. Таа, исто така, поради тоа што е меѓу првите жени што продавале плочи и одржувала концерти, се смета за предвесник на жените во кантри-музиката. Во 1973 година, станала прва пејачка што била примена во Куќата и музејот на славата на кантри-музиката. Во 1985 г., нејзиниот живот и кариера биле прикажани во животописниот филм „Слатки соништа“ со Џесика Ланг во улогата на Петси Клајн. Во осумдесетите биле објавени уште неколку други документарни филмови и сценски претстави, меѓу кои и мјузиклот Засекогаш...Петси Клајн од 1988 година. Албумот со нејзините најголеми хитови во 2005 се продал во преку 10 милиони копии во 2005 година. Во 2011 година, нејзината куќа од детството била реставрирана во музеј што можат да го посетат нејзините обожаватели.

Живот и кариера Вирџинија Патерсон Хенсли е родена во Винчестер, Вирџинија, на 8 септември 1932 година. Освен „Вирџинија“ во детството, ја викале и „Џини“.

Во детството, нејзиното семејство често се преселувало во различни градови во САД, за на крај да се насели во Винчестер, Вирџинија. Петси Клајн подоцна изјавила дека нејзиниот татко сексуално ја злоставувал.

Родителите на Клајн, за време на нејзиното детство имале брачни несогласувања и во 1947 година нејзиниот татко го напуштил семејството. Писателката Елис Насур во биографијата Интимната приказна за Петси Клајн напишала дека Клајн имала „убава врска“ со нејзината мајка; ја цитирала мајката на Клајн која рекла дека тие „повеќе биле како сестри“ наместо како родител и дете. По завршување на основното училиште Петси Клајн се запишала во средното училиште Џон Хендли во Винчестер. Сепак, семејството по напуштањето на нејзиниот татко имало парични проблеми. За да помогне во издржувањето на семејството Петси Клајн го напуштила средното училиште. Таа почнала да работи во аптека и како продавачка.

1948–1953: Рана кариера На 15 годишна возраст се пријавила за аудиција во Grand Ole Opry. Неколку недели подоцна добила повратно писмо во кое барале да им испрати слики и снимки. Била повикана на аудиција во Нешвил; аудицијата поминала многу добро и Петси очекувала да добие одговор уште истиот ден, но тие воопшто не одговориле а семејството се вратило во Вирџинија.

До почетокот на 1950-тите, Клајн настапувала по локални кафани. Во 1952 година, била повикана на аудиција за месна кантри група. По аудицијата, почнала редовно да настапува како член од групата Bill Peer's Melody Boys and Girls. Започнала романтична врска со Бил Пир, водачот на групата, која опстоила неколку години. Сепак тие не се развеле од своите сопружници. Пир ја наговорил да одбере посоодветно уметничко име. Таа го променила своето име од Вирџинија во Петси (преземено од нејзиното средно име „Патерсон“), а го задржалала презимето Клајн. Станала естрадно позната како „Петси Клајн“.

Во август 1953 година, Клајн учествувала на месен кантри-музички натпревар. Освоила 100 долари и можност редовно да настапува во Town and Country Time. Во шоуто учествувале кантри ѕвезди како Џими Дин, Рој Кларк, Џорџ Хамилтон IV и Били Грамер, а се снимало во Вашингтон и Арлингтон, Вирџинија. До октомври 1955 година не била официјално додадена во телевизиските емисии на програмата. Телевизиските изведби од Клајн добиле признание од критиката. Списанието „Вашингтон Стар“ го пофалило нејзиното сценско присуство, со коментир: „Таа те расположува со движењето на рацете и телото и со ритамот на нејзиниот глас, кој ѝ допира длабоко во душата за да ја изнесе мелодијата. Повеќето кантри пејачки стојат неподвижни, пеат со монотон назален висок тон. Петси има грлен стил пропратен со движење и емоција.“

1954–1960: Four Star Records Во 1954 година, Бил Пир на Бил Меккол, претседател на Four Star Records, му пратил демо снимки од Петси Клајн. На 30 септември 1954 година, потпишала двегодишен договор за снимање со издавачката куќа заедно со Пир и нејзиниот сопруг Џералд Клајн. Договорот им овозможувал на Four Star да добијат најголем дел од приходите од песните што ги снимила. Поради ова, Клајн добивала малку од авторските права од издавачот, вкупно 2,34 посто од нејзиниот договор за снимање. Нејзината прва сесија за снимање се одржала на 5 јануари 1955 година во Нешвил, Тенеси. Four Star снимките ѝ ги отстапила на поголемата Decca Records. Нејзин прв сингл бил „A Church, a Courtroom, Then Goodbye“ (1955). Иако Клајн ја промовирала со настап на Гранд Оле Опри, песната не била успешна.

Додека снимала за Four Star, Петси Клајн пеела различни музички жанрови како госпел, рокабили, традиционална кантри-музика и поп. лево|мини| Фотографија од март 1957 година Во 1956 година, Клајн била повикана да настапи во емисијата од Артур Годфри, Скаут за таленти, национална телевизиска емисија каде што таа била на аудиција неколку месеци претходно. Ја прифатила понудата, а нејзината мајка Хилда Хенсли ја искористила како нејзин скаут за таленти за емисијата. Според правилата на емисијата, скаутите на таленти не смеело да бидат членови од семејството. За да се појави на шоуто мајка ѝ излажала дека се само од ист град. Кога Артур Годфри ја прашал Хенсли дало ја познава Клајн цел живот, таа одговорила: „Да, речиси!“

Петси клајн дебитирала во емисијата на 21 јануари 1957.Mother Country by Amanda Petrusich Smithsonian magazine April–May 2022 edition Pages 32-34 Истиот ден се сретнала со продуцентката на серијата Џенет Дејвис. Клајн сакала да ја пее „A Poor Man's Roses (Or a Rich Man's Gold)“, но Дејвис претпочитал друга нејзина песна, „Walkin' After Midnight“. Таа ја извела „Walkin' After Midnight“ и победила на натпреварот за таа вечер. Песната сè уште не била објавена како сингл. За да излезе во пресрет на побарувачката од јавноста, Decca Records ја објавила песната како сингл на 11 февруари. Песната се искачила на 12-тото место на поп листата на Билборд. Од нејзиното објавување, па сѐ до денес, песната се смета за класика во кантри-музиката.

Музичките критичари ја пофалиле „Walkin' After Midnight“. Успехот на песната ѝ овозможило на Клајн да настапи во многу емисии на поголеми телевизиски мрежи. Исто така, се појавила на Гранд Оле Опри во февруари и телевизиската програма Western Ranch Party во март. Од учествата заработила вкупно десет илјади долари, и сите пари ѝ ги дала на мајка ѝ, за да ја плати хипотеката за куќата во Винчестер. Во август 1957 година, Decca Records го објавила нејзиниот деби студиски албум, Patsy Cline.

По „Walkin' After Midnight“ другите песни на Петси не забалежале успех. Ова делумно се должело на квалитетот на материјалот што таа го одбрала да го сними. Речиси истовремено, Клајн била отпуштена од нејзиниот редовен термин на Town and Country Jamboree. Според Кони Б. Геј, таа доцнела на емисии и „доаѓала мирисајчи на алкохол“. Во септември 1957 година, Клајн се омажила за Чарли Дик, кој веднаш потоа бил испратен во на воена задача во Форт Браг, Северна Каролина. Клајн ја родила и својата прва ќерка Џули. Со надеж дека ќе ја рестартира својата кариера, Клајн и нејзиното семејство се преселиле во Нешвил.

1960–1961: Нови почетоци и сообраќајна несреќа

Професионалните одлуки на Петси Клајн вродиле со плод во раните 1960-ти. По преселувањето во Нешвил, потпишала менаџерски договор со Ренди Хјуз. Таа прво сакала да работи со Хуберт Лонг, но тој бил зафатен со менаџирање на други уметници. Затоа, се одлучила за Хјуз. Со помош на Хјуз, почнала да настапува во поголеми локали и да заработува повеќе. Во јануари 1960 година, Клајн официјално станала член на Opry. Исто така, во јануари 1960 година, Клајн ги снимила последните песни со Four Star Records. Истата година биле објавени нејзините последни синглови со издавачот: „Lovesick Blues“ и „Crazy Dreams“. По напуштањето на Four Star, кон крајот на 1960 година Клајн официјално потпишала договор со Decca Records. Откако почнала да работи со издавачот по нејзино инсистирање добила 1.000 долари аванс.

Нејзина прва песна под Дека била „I Fall to Pieces“. Објавена како сингл во јануари 1961 година, песната на почетокот не го привлекла вниманието на публиката. Во април, песната се пласирала на Hot Country и Western Sides топ-листата. На 7 август, песната станала нејзина прва песна на врвот на кантри топ-листата. Исто така, „I Fall to Pieces“ се нашла и на Билборд поп-листата, каде дошла до 12-тото место.

На 14 јуни 1961 година, возејќи се автомобил со нејзиниот брат Сем Хенсли Џуниор, Петси Клајн доживеала сообраќајна несреќа. Нивниот автомобил удрил директно во друго возило, а ударот ја фрлил директно во шофершајбната на автомобилот, по што се здобила со тешки повреди на лицето. Исто така се здобила со скршен зглоб, изместен колк и голема исеченица на челото. Кога била однесена во болница, нејзининиот живот бил во опасност и не се очекувало да преживее. Била оперирана и преживеала. Според нејзиниот сопруг Чарли Дик, откако се разбудила му рекла: „Исус беше овде, Чарли. Не грижи се. Ме фати за рака и ми рече: „Не, не сега. Имам и други работи што треба да ги направиш'“. Поминала еден месец во болница на опоравување.

1961–1963: Врв на кариерата Клајн се вратила на музичката кариера шест недели по нејзината сообраќајна несреќа. Следен сингл на Клајн по „I Fall to Pieces“ била песната „Crazy“.

„Crazy“ била објавена како сингл во октомври 1961 година, и се нашла на кантри листите на Билборд во ноември. Таму се искачила на второ место, а и на 9-то место на поп-листата. „Crazy“ ќе стане најголем поп-хит на Клајн. Нејзиниот втор студиски албум Patsy Cline Showcase бил објавен кон крајот на 1961 година. На албумот се нашле и повторно снимените верзии од нејзините претходни хитови „Walkin' After Midnight“ и „A Poor Man's Roses (Or a Rich Man's Gold)“. „Crazy“ и следните записи на Петси Клајн со Decca добиле пофалби од критиката.

лево|мини| Петси Клајн во Лас Вегас, кон крајот на 1962 година Во ноември 1961 година, била поканета да настапи како дел од шоуто на Гранд Оле Опри во Карнеги Хол во Њујорк. Кон крајот на годината, Клајн освоила неколку големи музички награди меѓу кои и „Омилен женски вокал“ од списанието Билборд и „Најемитуван женски изведувач“ од списанието Cashbox.

Во 1961 година, Клајн почнала да го снима нејзиниот следен албум. Меѓу првите песни што ги снимила Recorded December 17, 1961. била „She's Got You“. Песната станала нејзина трета песна која се искачила на прво место на Билбордовата кантри листа. „She's Got You“, исто така, била прва песна од Петси Клајн која се пласирала на листата за синглови во Обединетото Кралство, каде се искачила до 43-то место.

Во 1962 година, Клајн имала три големи хита: „When I Get Through with You“ „So Wrong“ и „Imagine That“. Купила ранч куќа во предградие на Нешвил. Клајн ја нарекуваше нејзин „дом од соништата“ и често ја посетувале пријателите. По нејзината смрт, куќата била продадена на кантри-музичарката Вилма Бурџес.