Доминик Ливаковиќ (роден на 9 јануари 1995 г.) — хрватски професионален фудбалер кој игра на позицијата голман во хрватскиот прволигаш Динамо Загреб и за репрезентацијата на Хрватска.
Клупска кариера Ливаковиќ станал дел од првиот тим на ФК Загреб на почетокот на сезоната 2012–13. Првично втор избор на голманската позиција, тој го одиграл својот прв лигашки натпревар на 31 август 2012 година, на домашен терен против екипата на Цибалија. Тој набрзо станал прв избор на клубот на голманската позиција и одиграл вкупно 104 натпревари во четири сезони, вклучително 90 во првата хрватска лига.
На 30 август 2015 година, тој потпишал договор со Динамо Загреб на почетокот на сезоната 2016–17. Ливаковиќ своето деби за новиот клуб го имал на 2 октомври 2016 година против Хајдук Сплит во натпревар кој завршил без голови. На 18 октомври 2016 година, тој го имал својот прв европски настап во Лигата на шампионите во натпревар против Севиља кој неговиот клуб го загубил со 1–0.
На 30 јули 2019 година, во победата од 3–0 против Сабуртало Тбилиси во квалификациите од Лигата на шампионите, Ливаковиќ го соборил рекордот на Дражен Ладиќ од 1995 година за најмногу минути од почетокот на сезоната на Динамо без примен гол (413). Тој го примил првиот гол во сезоната три дена подоцна, во победата од 3–1 против Горица, поставувајќи нов рекорд од 535 минути.
На 26 август 2020 година, во квалификациите од Лигата на шампионите против Клуж, Ливаковиќ одбранил пенал во регуларниот дел од натпреварот, а потоа во пенал серијата неговата одбрана била клучна за Динамо да победи 6–5 на пенали и да се квалификува за третото квалификациско коло. Во сезоната 2020–21, во групната фаза од Лига Европа, Ливаковиќ бил пофален за неговите одлични настапи откако примил само еден гол во пет натпревари и го предводел Динамо до првото место во својата група. Тој одбранил пенал на Стивен Бергис во ремито 0–0 против Фејенорд на 22 октомври.
Меѓународна кариера Ливаковиќ го добил својот прв сениорски повик за репрезентацијата на Хрватска за пријателскиот натпревар против Молдавија во мај 2016 година. Тој го одиграл својот прв натпревар на пријателскиот турнир Кина куп 2017 против Чиле, каде Хрватска загубила на пенали.
Во мај 2018 година, Ливаковиќ бил именуван во хрватскиот состав од 32 играчи за Светското првенство 2018 во Русија, и на крајот бил дел од тимот кој го освоил сребрениот медал на турнирот по поразот во финалето од Франција. Првиот настап во официјален натпревар Ливаковиќ го забележал против Англија во натпревар од Лигата на нации одигран на 12 октомври 2018 година кој завршил без голови.
На 5 декември 2022, во осминафиналето од Светското првенство 2022 против Јапонија, Ливаковиќ бил прогласен за играч на натпреварот откако одбранил три пенали во пенал серијата и помогнал Хрватска да се пласира во четвртфиналето. Тој станал третиот голман со три одбрани во пенал сериите на светските првенства, по Рикардо во 2006 и неговиот сонародник Даниел Субашиќ во 2018 година. Во четвртфиналниот натпревар против Бразил, тој одбранил пенал во пенал серијата и ја испратил Хрватска во полуфинале. Во полуфиналето против Аргентина, Ливаковиќ се судрил со Хулијан Алварез во пенал просторот, што резултирало со пенал за Аргентина кој во гол го претворил Лионел Меси. Хрватска била поразена од Аргентина и се пласирала во натпреварот за трето место против Мароко кој завршил со победа од 2-1 за Хрватска. Тој бил прогласен за играч на натпреварот, и добил ретка оцена 10/10 од весникот L'Équipe, станувајќи само 15. играч во историјата со таква оцена. Иако важел за еден од фаворитите за освојување на наградата Златна ракавица за најдобар голман, сепак таа му припаднала на аргентинецот Емилијано Мартинес.
Успеси ФК Загреб Втора лига на Хрватска: 2013–14
Динамо Загреб Прва лига на Хрватска: 2017–18, 2018–19, 2019–20, 2020–21, 2021–22 Куп на Хрватска: 2017–18, 2020–21 Суперкуп на Хрватска: 2019, 2022
Хрватска ФИФА Светско првенство второ место: 2018; трето место: 2022
Поединечни Фудбалски оскар – Тим на годината во Првата хрватска лига: 2015, 2017, 2018, 2019, 2020, 2021, 2022 Фудбалски оскар – Најдобар хрватски голман: 2019, 2020, 2021, 2022 УЕФА Лига Европа Breakthrough XI: 2018 УЕФА Лига Европа тим на сезоната: 2020–21
Одликувања Ред на Кнез Бранимир: 2018
Наводи
Надворешни врски
Доминик Ливаковиќ на sportnet.hr
Категорија:Родени во 1995 година Категорија:Луѓе од Задар Категорија:Хрватски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Динамо Загреб Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026