Софија Дакарет Чар (анг: Sofía Daccarett Char; родена на 10 април 1993 г.) естрадно позната како Софија Карсон (анг: Sofia Carson) ― американска глумица и пејачка. Нејзино прво телевизиско појавување било како гостин во Дизниевата серија Остин и Али. Во 2015 година, ја играла улогата на Еви во Дизниевиот филм „Наследници“ (анг: Descendants), а подоцна ја имала истата улога во неговите продолженија. Глумела и во Нетфликсовата романтична драма Пурпурни срца (Purple Hearts) (2022).

Софија Карсон музичката кариера ја започнала во 2015 година со објавување на саундтрак албумот за Наследници, а истата година го издала синглот „Rotten to the Core“. Во 2016 година, потпишала за Hollywood Records и ја издала нејзината прва соло песна „Love Is the Name“. Во 2022 година, го издала својот прв истоимен студиски албум. Истата година, ја испеала песната „Applause“, песна номинирана за Оскар, напишана од Дајан Ворен за филмот Кажи како жена (Tell It Like a Woman), и со песната настапила на 95-тото доделување на Оскарите.

Детство и младост Софија Карсон е родена како Софија Дакарет Чар во Форт Лодердејл, Флорида, во семејство на исселеници од Колумбија. Софија естрадното име „Карсон“ го зела од нејзината баба по мајка Лораин Карсон.

Основно и средно училиште завршила во Мајами. Потоа се запишала на UCLA, отсек комуникации.

Кариера алт=|лево|мини| Карсон во 2017 година Карсон рекла дека претежно била под влијание на поп музиката и им се восхитува на музичарите кои „раскажуваат приказни преку својата музика“. Навела дека врз неа најмногу влијаеле групите од 20-тиот век како Битлси и современите музичари како Ед Ширан и Тејлор Свифт.

Софија настапила како дел од актерската екипа на саундтракот на „Наследници“ од 2015 година, кој се искачил на прво место на Билборд 200, на албумот била и нејзината сингл верзија на „Rotten to the Core“. Таа, исто така, пеела на саундтракот за Наследници 2 и Наследници 3, кои стигнале до 6-то и 7-мо место, соодветно, на Билборд 200.

Во интервју во август 2015 година, Карсон изјавила дека работи на својот прв албум. Во март 2016 година, Hollywood Records и Republic Records официјално објавиле дека Карсон потпишала заеднички светски договор за снимање со двете компании. Нејзина прва песна била „Love Is the Name“, препев на „Live Is Life“ од Opus, и била објавена на 8 април 2016 година „Love is the Name“ имала и алтернативна верзија со J Balvin, а за таа верзија било објавено музичко видео со Карсон и Балвин. Карсон објавила промотивен сингл на 26 август 2016 година, под наслов „I'm Gonna Love You“. Во 2015 година, Софија учествувала на парадата за Денот на благодарноста од NBC и на Божиќната прослава на Дизни во Дизни парк.

На 27 јануари 2017 година, таа го издаде својот сингл „Back to Beautiful“ со Алан Вокер, а на 15 февруари 2017 година го објави официјалното музичко видео на YouTube. Во 2018 година, Карсон била гостин на три песни од EDM: „Rumors“ од R3hab, „Different World“ од Алан Вокер и „San Francisco“ на Galantis. По успехот со „Rumors“, Карсон повторно соработувала со R3hab за нејзините следни песни „I Luv U“ и „Miss U More Than U Know“.

На 26 март 2021 година, Карсон ја објавила песната „Fool's Gold“, продуцирана од Stargate и Џеф Џонс. На 2 септември 2021 година, Карсон ја издала песната „Glowin' Up“ како дел од саундтракот на My Little Pony: A New Generation. Во март 2022 година, го издала нејзиниот прв студиски албум, Sofia Carson. Карсон, заедно со Дајан Ворен ја извеле нивната балада „Applause“ од филмот Tell It Like a Woman на доделувањето на Оскарите во 2023 година, каде што била номинирана за најдобра оригинална песна.

Телевизија и филм мини|196x196пкс| Карсон на наградите Златен глобус во 2020 година. Актерската кариера Софија Карсон ја започнала во 2014 година кога гостувала како Челзи во серијата од Дизни каналот, Остин и Али. Неколку месеци подоцна, Карсон била избрана да го глуми ликот на Солеил во серијата од MTV <i id="mwuw">Faking It</i>. Во 2014 година, била избрана за главната улога во оригиналниот филм на Дизни каналот, Наследници, во кој ја игра Еви, ќерката на Злобната кралица од Снежана.

На 9 јануари 2015 година, Карсон била избрана за главна улога во оригиналниот филм на Дизни каналот, Adventures in Babysitting. Во март 2016 година, Карсон ја добила главната улога во четвртиот дел од серијата Приказна за Пепелашка, Приказна за Пепелашка: Ако чевличето одговара, во режија на Мишел Џонстон и продуцирана од Дилан Селерс.

Во 2017, Софија Карсон повторно ја глумела Еви во Наследници 2; за улогата била номинирана за наградата Imagen за најдобра споредна женска улога. Карсон ја глумела Слоун Силвер во втората сезона од Famous in Love на Freeform во 2018 година Во јануари 2018 година, било објавено дека Карсон ќе глуми во телевизиската серија Слатки мали лажливки – Перфекционистки, каде ја угра улогата на Ава Џалали; премиерно бил прикажан во март 2019 г. За нејзината изведба, од Teen Choice Award била номинирана за најдобра ТВ глумица во драма. Таа уште еднаш ја глумела Еви во Наследници 3, третиот дел од франшизата, чија премиера била на 2 август 2019 година. Во јули 2019 година, било објавено дека Карсон ќе ја игра Ејприл во танцовиот филм на Нетфликс <i id="mw_A">Feel the Beat</i>, кој бил објавен во 2020 година.

Во 2020 година, Карсон се приклучила на актерската екипа на трилер филмот <i id="mwAQY">Songbird</i>, во кој ја играла главната улога на Сара. Истата година било објавено дека ја добила улогата на Кеси во романтичниот филм Пурпурни срца. Софија Карсон е и извршен продуцент на филмот, и го напишала и пеела саундтракот од филмот. Таа го позајмила гласот на Пип Петалс во Моето мало пони: нова генерација, објавен на 24 септември 2021 година. Во јули 2022 година, Нетфликс го објавил Purple Hearts, и филмот се искачил на прво место во светот. Потоа, Софија глумела во филмот Carry-On заедно со добитниците на Златен глобус Тарон Егертон и Џејсон Бејтман.

Филмографија

Дискографија

Sofia Carson (2022)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:CS1 Spanish-language sources (es) Категорија:Апсолвенти на Калифорнискиот универзитет (Лос Анџелес) Категорија:Американски денс музичари Категорија:Американски поп-пејачки Категорија:Американски пејачки од 21 век Категорија:Американски пејачи и пејачки од 21 век Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1993 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Латиноамерикански пејачки Категорија:Американски филмски глумици Категорија:Американски ТВ глумици Категорија:Американски глумици од 21 век Категорија:Американски деца глумци