ФОН е создаден во 2003 година како Европски Универзитет - Република Македонија. Од 2006, универзитетот егзистира под брендот ФОН-Универзитет. Универзитетот е комплетна институција која оди во чекор со современите светски образовни трендови и своето име го гради врз цврстите темели на најквалитетниот стручен кадар од државата и надвор, притоа користејќи ги сите модерни средства и методи за едукација.
Факултети
Во моментов ФОН-Универзитетот има акредитирано 5 факултети:
Факултет за правни и политички науки Факултет за детективи и безбедност Факултет за економски науки Факултет за информациски и комуникациски науки Факултет за арт и дизајн
Студии
Универзитетот нуди до-дипломски, пост дипломски студии и докторски студии на сите од акредитираните факултети. Студирањето на ФОН се врши по Болоњскиот процес, со примена на европскиот систем за префрлање на кредити.
Категорија:Приватни универзитети во Македонија Категорија:Универзитети во Скопје Категорија:Образованието во Струмица Категорија:Појавено во 2003 година во Македонија