„Хава, Марјам, Ајеша“ — филм на авганистанската режисерка Сахра Карими од 2019 година. Карими е авторка на сценариото, заедно со Сами Хасиб Набизада. Главните улоги ги играат: Арезу Арјапур, Ферешта Афшар и Хасиба Ебрахими. На Венецијанскиот филмски фестивал, Карими била номинирана за наградата „Хоризонти“ за најдобар филм.Dan žena na Trećem: Hava, Maryam, Ayesha - afgansko-iransko-francuski film (пристапено на 26.4.2023)

Синопсис Во филмот се прикажува животот на три жени од Кабул. Хава (ја игра Арјапур) е бремена жена, препуштена сама на себе, која живее со свекорот и со свекрвата. Единствената нејзина утеха е разговорот со нероденото дете. Марјам (ја игра Афшар) е образована телевизиска новинарка, која се подготвува да се разведе од својот неверен маж, но токму тогаш дознава дека е бремена. Ајеша (ја игра Ебрахими) е 18-годишан девојка која се согласува да се омажи за својот роднина откако нејзиното момче ја напушта кога таа останува бремена...

Наводи

Категорија:Филмови од 2019 година Категорија:Филмови на Сахра Карими Категорија:Филмови со Арезу Арјапур Категорија:Филмови со Ферешта Афшар Категорија:Филмови со Хасиба Ебрахими Категорија:Авганистански филмови Категорија:Ирански филмови Категорија:Француски филмови Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Кабул