Аман (арап. عمان Ammān) е главен град на Кралството Јордан. Градот брои околу 1 200 000 жители. Аман е трговски, производствен и административен центар на Јордан.
Историја
Градот бил под власта на Асирците, персијците и Македонците. Тоа означува дека бил под големо влијание на различни цивилизации. Градот е древна амонска престолнина, а своевремено позната и како Рабат-Амон. Во време на Римското Царство, градот бил регионален центар познат по името Филаделфија по Птоломеј I Филаделфиј. Бил познат по тоа што се простирал на седум рида, како седумте рида на Рим.
Денес Аман е современ град, во кој живеат Муслимани и Христијани. Во градот има модерни згради, но и згради со стара архитектура. Градот се наоѓа на неколку километри од реката Јордан каде Исус Христос бил крстен од Јован Крстител. Во денешно време, градот е преполн со контрасти помеѓу модерното и древното.
Знаменитости
Римски амфитеатар (169-177) со капацитет од 5.000 гледачи, која денес претставува туристичка атракција. Тврдина од римскиот и византискиот период, Храм на Хералке (Херкулес) Археолошкиот музеј на Јордан во кој се чуваат најстарите човечки пронајдоци од овие подрачја (стари 700.000 години), Сината Џамија
Географија
Аман се наоѓа во северозападниот дел на Јордан. Градот е изграден на седум ридови.
Наводи
Аман Категорија:Градови во Јордан Категорија:Населени места основани во 1878 година