Џонатан Кристијан Дејвид (роден на 14 јануари 2000, во Бруклин) — канадски фудбалер на на заем од , и на канадската репрезентација.

Дејвид е роден во Њујорк, но заедно со неговите родители се преселил на Хаити додека сè уште бил бебе, и имигрирал во Отава, Канада на шест години. Растејќи во Отава, тој играл во неколку локални младински клубови пред да се пресели во Белгија во 2018 година, каде го забележал своето профсионално деби за Гент. Две години подоцна тој се приклучил на францускиот клуб Лил, во чиј дрес освоил титули во Лига 1 и во Суперкупот на Франција. Во 2019 година, Дејвид бил прогласен за канадски фудбалер на годината.

Биографија Џонатан Дејвид е роден во Њујорк од хаитски родители, кои се преселиле во Порт о Пренс кога тој бил на возраст од три месеци. Кога имал шест години, тој и неговите родители емигирирале од Хаити во Канада и се населиле во Отава. Растејќи во Отава, Дејвид го посетувал француското државно училиште Луи Риел. Тој го навел училиштето како причина за неговиот понатамошен успех.

Дејвид започнал да тренира фудбал на 10-годишна возраст во Глоучестер Драгонс во Отава.Профил на Фудбалската федерација на Канада Една година подоцна тој се приклучил на Отава Глоучестер Хорнетс, каде што се задржал до 2015 година. Во 2016 година, тој се приклучил на Отава Интернешнлс. Растејќи, Дејвид го следел фудбалот во европските лиги но не и во МЛС лигата бидејќи немал желба да игра професионално фудбал во Северна Америка. Наместо тоа, тој бил исклучително фокусиран да игра професионален фудбал во Европа. Пред да потпише за белгискиот клуб Гент, Дејвид бил на проба во Салцбург и Штутгарт, но бил одбиен од двата клуба. (timestamp — talks about coach Hanny El-Magraby)

Технички карактеристики Како разновиден напаѓач, Дејвид главно игра како втор напаѓач во формација 4–4–2 или како офанзивен играч за врска; и е познат по неговата способност за постигнување голови. Како втор напаѓач, тој игра веднаш зад примарниот напаѓач. Дејвид е способен да пронајде празнини во противничката одбрана и да ги нападне овие области на теренот со неговата исклучителна брзина. Тој исто така е способен да создава кратки додавања и да комбинира со своите соиграчи во нападот со неговата цврста контрола и остра интеракција. Поради неговиот чекор и брзина, Дејвид исто така е ефективен во контра нападите. Дополнително, тој исто така е познат по неговата тактичка интелигенција, одбранбени задачи, способноста да ја чита играта, како и неговата подготвеност да ги притисне противничките играчи на топка.

Клупска кариера Гент Во јануари 2018 година, Дејвид се приклучил на белгискиот прволигаш Гент. Тој го забележал своето профсионално деби за клубот на 4 август 2018 година против Зулте Варегем и успеал на Гент да му донесе реми од 1–1 со гол во судиското надополнување. Само пет дена по неговиот прв лигашки настап, Дејвид влегол од клупата за резервни играчи во натпревар од третото квалификациско коло од УЕФА Лига Европа против Јагелонија Бјалисток, постгнувајќи гол во 85. минута од натпреварот за победа од 1–0 за Гент. Дејвид ја продолжил својата гол серија, постигнувајќи два гола во победата од 4–1 над Васланд-Беверен. Откако постигнал пет гола на првите пет натпревари, Гент потпишал со Дејвид продолжување на договорот до 2022 година. Тој дополнително го продолжил договорот за една година до 2023 година во септември 2019 година. Во зимскииот преоден рок во јануари 2020 година, претседателот на Гент, Иван де Вите, посочил дека има значителен интерес за Дејвид од поголеми клубови, при што неговата вредност била проценета на 20 милиони евра.

Лил

На 11 август 2020 година, францускиот прволигаш Лил го потврдил потписот на Давид на петгодишен договор. Износот на трансферот на Дејвид изнесувал 30 милиони евра, што го правел најскап канадски трансфер во историјата. Своето деби за Лил тој го забележал на 22 август 2020 година против Рен во натпревар од првото коло од француското првенство. По тешкиот старт на сезоната, Дејвид го постигнал својот прв гол за Лил на 22 ноември против Лориан, постигнувајќи го послдниот гол на натпреварот во победата од 4–0.

Откако не постигнал гол на седум натпревари едноподруго, тој постигнл победнички гол во судиското надополнување на првенствениот натпревар против Ремс, со што Лил се израмнил со Париз Сен Жермен на врвот на табелата. На 3 февруари 2021 година, Дејвид постигнал гол во победата од 3–0 над Бордо. Продолжувајќи ја добрата форма, тој за прв пат постигнал два гола на еден натпревар во Лига 1, и тоа против Нант. На 3 април, тој го постигнал победничкиот гол во гостинската победа од 1–0 над ПСЖ, што била прва гостинска победа на Лил над ПСЖ по април 1996 година.

На 23 мај, тој постигнал гол во гостинската победа од 2–1 над Анже со што Лил ја освоил титулата во француската Лига 1, прва по десет години. Дејвид ја завршил својата прва сезона во Лил со 13 постигнати голови, од кои 11 биле во вториот дел од сезоната.

Јувентус На 23 јули 2025 година, по истекот на неговиот договор со Лил, Дејвид како слободен играч потпишал договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година, станувајќи првиот канадски фудбалер во историјата на клубот. На 24 август, тој го имал своето деби за „бјанконерите“ а воедно и во Серија А, постигнувајќи го и првиот гол во победата од 2-0 над Парма во првото коло од првенството. На 25 ноември, тој го постигнал својот прв гол со Јувентус во Лигата на шампиони, затресувајќи ја мрежата на Боде/Глимт во последните минути од натпреварот за да му донесе победа на торинскиот тим од 2-3. По тешкиот почеток на сезоната, тој бил избран за играч на натпреварот во победата над на гости со 0-3, во која забележал гол и асистенција. Тринаесет дена подоцна, тој исто така, постигнал гол и против во победата со 3-0 на домашен терен. Сепак, сезоната ја завршил под очекувањата, постигнувајќи само 8 голови вкупно помеѓу првенството и куповите во 45 одиграни натпревари.

Репрезентативна кариера Младинска Дејвид првпат бил идентификуван од страна на програмата на канадската младинска репрезентација во 2015 година, откако присуствувал на неколку кампови за играчи под 15 години и редовно бил повикуван на тренинг кампови за репрезентацијата под 17 години пред почетокот на КОНКАКАФ првенството за играчи под 17 години во 2017 година. Дејвид бил дел од канадскиот состав на првенството и постигнал два гола против Суринам во последниот натпревар од групната фаза. Дејвид добил повик за репрезентацијата на САД под 20 години од страна на Таб Рамос во 2018 година. Тој ја одбил поканата за да се посвети на својата клупска кариера, и бидејќи негова желба била да го носи дресот на Канада.

Сениорска

Дејвид го добил првиот повик за сениорската репрезентација на Канада на 30 август 2018 година, за квалификацискиот натпревар од КОНКАКАФ лигата на нации против Американските Девствени Острови. Тој го забележал своето сениорско деби на натпреварот на 9 септември, во кој постигнал два гол во победата на Канада од 8–0. Дејвид бил именуван во конечниот состав на Канада за КОНКАКАФ Златниот куп 2019 на 30 мај 2019 година. Во последниот натпревар од групната фаза на првенството, Дејвид постигнал хет-трик во победата од 7–0 над Куба. И покрај тоа што Канада загубила од Хаити во четвртфиналето, Дејвид ја добил наградата златна копачка за најдобар стрелец, со постигнати шест гола на првенството.

По победата на Канада од 6–0 над Куба на 7 септември 2019 година, Дејвид поставил рекорд за најмногу постигнати сениорски голови за репрезентацијата на Канада во една година, вкупно осум. За неговите залагања, тој бил проглаен за канадски фудбалер на годината за 2019 година.

На 8 јуни 2021 година, Дејвид го постигнал својот втор хет-трик за Канада во победата од 4–0 над Суринам во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2022. Дејвид ги завршил квалификациите со постигнати девет голови, од кои пет биле постигнати во последната, трета квалификациска фаза. Во ноември 2022 година, тој бил потврден во составот од 26 играчи кои ќе настапат за Канада на Светското првенство 2022 во Катар.

Статистика Клупска статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2018-2019 ПЛ 23+10Nei play-off. 8+4 КБ 6 0 ЛЕ 4Во квалификациските кол. 2 - - - 43 14 2019-2020 ПЛ 27 18 КБ 0 0 ЛЕ 136 настапи во квалификациските кола. 52 гола во квалификациските кола. - - - 40 23Вкупно Гент 50+10 26+4 6 0 17 7 - - 83 37 2020-2021 Л1 37 13 КФ 3 0 ЛЕ 8 0 - - - 48 13 2021-2022 Л1 38 15 КФ 1 1 ЛШ 8 3 СФ 1 0 48 19 2022-2023 Л1 37 24 КФ 3 2 - - - - - - 40 26 2023-2024 Л1 34 19 КФ 3 3 ЛК 102 настапи во квалификациските кола. 41 гол во квалификациските кола. - - - 47 26 2024-2025 Л1 32 16 КФ 3 0 ЛШ 144 настапи во квалификациските кола. 9 - - 49 25Вкупно Лил 178 87 13 6 40 16 1 0 232 109Вкупно во кариерата 228+10 113+4 19 6 57 23 1 0 315 146

Репрезентативна кариера РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Канада2018332019108202000202112720221442023742024145202585Вкупно6736

Успеси

Лига 1: 2020–21 Суперкуп на Франција: 2021

Поединечни Најдобри 11 на КОНКАКАФ Златен куп: 2019 Златна копачка на КОНКАКАФ Златен куп: 2019 Најдобар стрелец во Првата лига на Белгија: 2019–20 (заедно со Диумерси Мбокани) Канадски фудбалер на годината : 2019 Награда Жан Клод Буви: 2019–20

Наводи

Надоврешни врски

Категорија:Родени во 2000 година Категорија:Канадски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Гент Категорија:Фудбалери на ФК Лил Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Атлетико Мадрид Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026