Зита Јанина Гиловска (родена на 7 јули 1949 - 5 април 2016) била полски економист, академик и политичар.

Ран живот и образование Гиловска била родена во Нове Мјасто Лубавскје на 7 јули 1949 година. Во 1972 година таа дипломирала економија на Варшавскиот универзитет. Во 1981 година, таа ја одбанила својата докторска теза по економија на Универзитетот "Марија Кири-Склодовска" во Лублин.

Кариера Од 1972 до 1985 година, Гиловска била истражувачки асистент на Универзитетот "Марија Кири-Склодовска""Zyta Gilowska, new Governor for Poland". European Investment Bank. 11 October 2006. Retrieved 28 August 2013. и подоцна на истиот институт станала вонреден професор од 1995 до 1999 година. Во 2001 година, таа станала редовен професор на Лублинскиот католичкиот универзит. Од 1994 до 1996 година, таа била член на либералната партија, Унија на слободата (Unia Wolności). Таа била поранешен потпретседател на партијата Граѓанската платформа (); сепак, таа ја напуштила партијата на 21 мај 2005 година во знак на протест поради обвинувањата од сопартијците за неправилност. Од 2001 до 2005 година, таа била пратеник во Сејмот (долниот дом на полскиот парламент).

Од 7 јануари до 23 јуни 2006 година, таа била заменик-премиер и министер за финансии во Владата за право и правда под Казимјеж Марчинкевич.Marek Jan Chodakiewicz (25 September 2006). "Zyta or "Beata": The Convoluted Case of Poland's Deputy Prime Minister". World Politics Review. Retrieved 28 August 2013. Таа била отпуштена поради обвинувањата за нејзина соработка во времето на комунизмот. Павел Војчеховски ја заменил како министер за финансии.

Од 22 септември 2006 до 16 ноември 2007 година, таа повторно била вицепремиер и министер за финансии. Во октомври 2006 година, Гиловска била на чело на полскиот финансиски надзорен орган и гувернер на Европската инвестициска банка на Полска.

Наводи

Категорија:Починати во 2016 година Категорија:Родени во 1949 година Категорија:Статии со микроформати hAudio Категорија:Полски политичари Категорија:Полски римокатолици