Фтелија () — река во Кожанско, Егејска Македонија, лева притока на Бистрица.

Реката извира на Црвена Гора источно од највисокиот врв Буринос (Вуринос, Дрисинкос, 1663 м) под името Вуринос Лакос. Тече на североисток, а потоа на север. Североисточно од врвот Цуцуљанос (1460 м) и јужно од врвот Сифириѕес (1465 м) реката нагло свртува на исток. Излегува од планината и ги носи имињата Зигости и Танаси. Минува јужно од с. Милотин завртува на југоисток и се влева во Бистрица во вештачкото Витивјанско Езеро јужно од Кесарија.

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Притоки на Бистрица (Егејска Македонија) Категорија:Кожани