Мирих (, Мирихос) — река во Населичко, Егејска Македонија, лева притока на Бистрица.

Реката извира од планината Сињак североисточно под истоимениот врв Сињак (2.110 м) и тече на север. По месноста Керамида свртува на североисток, а потоа ја прима десната притока Блацка Река, па свртува на запад. Ја прима левата притока Намата и излегува во Шишанската Котлина. Минува веднаш северно од Шишани, по што веднаш свртува на југ и до крајот тече во таа насока. Се влева во Бистрица во месноста Драхес, југозападно од Враништа и спроти Кинам.

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Притоки на Бистрица (Егејска Македонија) Категорија:Горуша (општина)