Милан Стојаноски (роден на 15 септември 1973 година) ― српско-македонски фудбалски тренер и поранешен играч. Тој е роден во српското село Стари Лец и е од македонска народност.
Клупска кариера Роден во Стари Лец, банатско село, Стојаноски својата професионална кариера како напаѓач ја започнал во Пролетер Зрењанин. Тој играл четири сезони за клубот (1993-1997), забележал 120 настапи во првата лига и постигна 41 гол. Во летото 1997 година Стојаноски бил префрлен во Партизан. Тој останал таму во следните три сезони, освојувајќи едно национално првенство (1999) и една титула на националниот куп (1998).
Во мај 2000 година, Стојаноски се преселил во израелскиот клуб Беитар Ерусалим, потпишувајќи тригодишен договор. Во Партизан се вратил по само една година, минувајќи ги следните три сезони во „Црнобелите“. Во својот втор мандат во клубот, Стојаноски бил член на екипата кој во 2002 и 2003 година ги освојувал првенствените титули. Тој, исто така, забележал пет настапи во Лигата на шампионите 2003/04, главно играјќи како средишен одбранбен играч.
Во јуни 2004 година, Стојаноски потпишал со кипарскиот клуб АПОЕЛ, на двегодишен договор. Тој го освоил кипарскиот Суперкуп во својата прва сезона, пред на крајот да го напушти клубот. Потоа, Стојаноски се преселил во Иран, минувајќи ги следните три сезони со Пегах (2005–2007) и Шахрдари Бандар Абас (2007–2008).
Во летото 2008 година, Стојаноски се вратил во родната Србија и се приклучил на суперлигашкиот клуб Банат Зрењанин. Тој не успеал да им помогне да избегнат испаѓање, бидејќи клубот завршил на дното на табелата. Пред да се повлече од својата играчка кариера, Стојаноски настапувал и за нисколигашките клубови БАСК, Локомотива Белград и Ковачевац.
Меѓународна кариера Помеѓу 1996 и 2004 година, Стојаноски ја претставувал Македонија односно играл за македонската репрезентација на меѓународно ниво, стекнал 26 настапи и еднаш постигнал гол.Appearances for Macedonia National Team – RSSSF
Неговиот последен репрезентативен натпревар бил квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2006 во октомври 2004 година против Андора.
Тренерска кариера Во летото 2011 година, Стојаноски ја започнал својата тренерска кариера преземајќи го својот поранешен клуб Ковачевац. Бил назначен за тренер на Раднички Пирот во март 2012 година. Но, Стојаноски со заедничка согласност го напуштил клубот во октомври 2012 година, на негово место дошол Миле Томиќ. Бил и тренер на Локомотива Белград (2013) и Долина Падина (2015).
Статистика Репрезентација Година Наст. Гол. Македонија 1996 1 0 1997 1 0 1998 6 1 1999 4 0 2000 4 0 2001 0 0 2002 2 0 2003 3 0 2004 5 0 Вкупно 26 1
Освоени титули
Партизан
Прва лига на СР Југославија: 1998/99, 2001/02, 2002/03 Куп на СР Југославија: 1997/98
АПОЕЛ
Суперкуп на Кипар: 2004
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Македонски фудбалски тренери Категорија:Фудбалери на ФК АПОЕЛ Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1973 година Категорија:Спортисти од Војводина Категорија:Српскоцрногорски фудбалери Категорија:Тренери на ФК Раднички Пирот Категорија:Македонски иселеници спортисти во Иран Категорија:Иселеници фудбалери во Иран Категорија:Македонски иселеници спортисти во Кипар Категорија:Иселеници фудбалери во Кипар Категорија:Македонски иселеници спортисти во Израел Категорија:Иселеници фудбалери во Израел Категорија:Македонски иселенички фудбалери Категорија:Фудбалери во Суперлигата на Србија Категорија:Фудбалери во Лигата азадеган Категорија:Фудбалери во Кипарската прва дивизија Категорија:Фудбалери во Израелската премиер лига Категорија:Фудбалери во Првата лига на Србија и Црна Гора Категорија:Фудбалери на ФК БАСК Категорија:Фудбалери на ФК Банат Зрењанин Категорија:Фудбалери на ФК Шахдари Бандар Абас Категорија:Фудбалери на ФК Пегах Категорија:Фудбалери на ФК Беитар Ерусалим Категорија:Фудбалери на ФК Пролетер Зрењанин Категорија:Македонски фудбалски репрезентативци Категорија:Фудбалски универзалци Категорија:Фудбалски напаѓачи Категорија:Македонци во Србија Категорија:Луѓе од Стари Лец