Симчо — роман на македонскиот писател Велко Неделковски, издаден во 1988 година.
Содржина Внимание: Овој дел од статијата обелоденува содржина на книгата.
Симчо е примерен шестоодделенец, кој живее во дом растргнат меѓу лошиот животен стил на татко му, бескрајната загриженост на мајка му и нивните меѓусебни кавги. И покрај сите проблеми, Симчо наоѓа сила да се справи со неволјите во кои е вовлечен без своја вина, со осудата и неправедниот однос на околината и, конечно, со својот честопати груб и неодговорен татко. Истраен и искрен, Симчо всушност е столбот на кој ќе се потпре неговото семејство и ќе го најде патот кон посветла иднина. Велко Неделковски, Симчо, Скопје, Арс ламина . Романот има 21 поглавје. Приказната е поделена на два сегменти: домашниот живот на Симчо и школскиот живот, каде се следи приказната на другарството на Симчо со Крсте, дете од средната класа. Социјалната подвоеност е јасно прикажана од авторот, како и проблемите со кои се соочуваат двете деца. Сепак главниот акцент е ставен на тешката тема: алкохолизам во семејството и сиромаштијата и проблемите кои произлегуваат од порокот. Авторот вешто ја ткае приказната задржувајќи го вниманието на читателот од првата до последната страна. Романот „Симчо“ е раскажан едноставно и интересно и секако претставува едно од врвните остварувања на Велко Неделковски.Велко Неделковски, Симчо, Скопје, Детска радост, 1988
Изданија Во 1988 година, романот го има објавено Редакцијата Детска радост. Книгата е со димензии од 24 сантиметри и има 201 страници. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски, Скопје. Во 2021 година, романот е објавен од издавачката куќа „Арс Ламина“, публикации Либи во едицијата: Читанки.Книгата е со димензии од 20 сантиметри и има 156 страници. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски, Скопје со ISBN број 978-608-267-179-6. Изданието на Арс Ламина е препорачано од Здружението за дислексија Ајнштајн и Филозофскиот факултет- Скопје, поради лесната читливост на фонтот и проредот на текстот. Изданието содржи и речник на помалку познати зборови и биографија на авторот.Велко Неделковски, Симчо, Скопје, Арс ламина, 2021 Наводи
Поврзано Велко Неделковски
Категорија:Македонски романи за деца и млади Категорија:Романи за деца Категорија:Дела на Велко Неделковски Категорија:Книги од 1988 година Категорија:Појавено во 1988 година во Македонија