мини| Проучувањето на Њујорк тајмс покажува како исходите од активните напади со стрелец се менуваат во зависност од дејствијата на напаѓачот, полицијата (42 % од вкупните случки) и случајните минувачи (вклучувајќи го исходот „добро момче со пиштол“ во 5,1 % од вкупните случки). Масовно пукање — кривично дело во кое напаѓачот убива или повредува повеќе лица истовремено користејќи огнено оружје. Не постои широко прифатена определба за „масовно пукање“ и различни организации што следат такви случки користат различни определби. Определбите за масовни престрелки исклучуваат војување, а понекогаш исклучуваат случаи на насилство од банди, вооружени грабежи и семејни убиства.
Во САД, Законот за истражна помош за насилни кривични дела од 2012 година го определува масовното пукање како три или повеќе убиства во една случка. Извештајот на Конгресната служба за истражување од 2013 г. посочува четири или повеќе убиства на недискриминирачки жртви, истовремено исклучувајќи го насилството извршено како средство за постигнување цел, како што се грабеж или тероризам. "There is no broadly agreed-to, specific conceptualization of this issue, so this report uses its own definition for public mass shootings." Медиумите како Си-ен-ен и некои истражувачки групи за насилство врз злосторства, како што е Архивата за огнено насилство, ги определуваат масовните пукања како „четири или повеќе погодени (повредени или убиени) во една случка, во исто време и на исто место, не вклучувајќи го и сторителот“. Едно австралиско проучување од 2006 година посочува пет убиени лица.
Поводот за масовни пукања што се случуваат на јавни места обично е тоа што тие се извршени од длабоко незадоволни поединци што бараат одмазда за неуспесите во училиштето, кариерата, љубовта или животот воопшто или што бараат слава или внимание со најмалку 16 масовни пукања по крвопролевањето во Колумбајн, каде сторителите имале за повод слава или озлогласеност. Барателите на слава со масовното пукање имале за цел да ги надминат „минатите рекорди“.
Жртви и преживеани По масовните пукања, некои преживеани пишувале за нивните искуства, или нивните искуства биле објавувани од новинарите. Еден преживеан од пукањето во црквата во Ноксвил, напишал за неговата реакција на други случки со масовни пукања. Таткото на жртвата во масовното пукање во кино во Аурора, Колорадо, напишал дека бил сведок на други масовни пукања по загубата на неговиот син. Преживеаните од нападите во Норвешка во 2011 година го раскажале своето искуство. Покрај тоа, еден труд ги проучувал реакциите на шведските полицајци на масовното пукање.
Вообичаено е преживеаните од масовно пукање да страдаат од посттрауматско стресно растројство и од вина дека преживеале.
Поводи Масовните пукања може да бидат мотивирани од религиозен екстремизам, политички идеологии (на пр., неонацизам, тероризам, бел супрематизам), расизам, сексуална ориентација, мизогинија,De Freitas, Julian, and Mina Cikara. "Deep down my enemy is good: Thinking about the true self reduces intergroup bias." (2017) ментална болест,Van Brunt, Brian, and W. Scott Lewis. "Costuming, misogyny, and objectification as risk factors in targeted violence." Violence and gender 1.1 (2014): 25–35. и одмазда против малтретирањето,Rocque, Michael. "Exploring school rampage shootings: Research, theory, and policy." The Social Science Journal 49.3 (2012): 304–313. меѓу другите причини. Форензичкиот психолог Стивен Рос смета дека примарно објаснување за масовно пукање не е душевна болест, туку претеран гнев и идејата дека се работи за кауза. Проучувањето, пак, на истражувачите од Универзитетот Вандербилт покажало дека „помалку од пет проценти од 120.000 убиства поврзани со оружје во САД меѓу 2001 и 2010 година биле извршени од луѓе на кои им била дијагностицирана душевна болест“.
Одговори
Медиуми Според некои прашање е дали вниманието на медиумите што се врти околу сторителите на масовните престрелки е фактор за предизвикување дополнителни случки. Како одговор на ова, некои од органите за спроведување на законот одлучиле да не ги именуваат осомничените за масовно пукање во настани поврзани со медиумите за да избегнат да им дадат озлогласеност.
Проучувани се дејствата од пораките што се користат при објавување на масовни пукања.
Во 2015 година, бил објавен труд напишан од физичарот и статистичарот, Шери Тауерс, заедно со четворица колеги, кој докажал дека навистина постои зараза од масовно пукање со помош на математичко моделирање. Меѓутоа, во 2017 година, Тауерс во интервју изјавил дека цензурата нема да го реши ова прашање.
Поврзано
Домашен тероризам Пукање во училиште
Наводи
Категорија:Масовни убиства