Мерал Мендерес (1933 – 27 декември 2011) била турски оперски сопран.
Раниот живот Мерал Мендерес е родена во Кушадаси во провинцијата Ајдин, западна Турција во 1933 година. Своите први часови по пеење ги земала од Мунир Џејхан на Општинскиот конзерваториум во Истанбул. Понатаму се школувала во новоформираното оперско студио. Таа била менторирана од странски и турски ушители по пеење.
Кариера Мендерес дебитирала на сцената на 19 март 1960 година настапувајќи во операта Тоска од Џакомо Пучини поставена во градската опера на Истанбул основана во 1959 година. Нејзината следна изведба била во операта Мадам Батерфлај од Пучини. Нејзините понатамошни улоги биле како Сантуца во Кавалерија рустикана од Пјетро Маскањи и во Боемот од Пучини. Во „Турандот“ на Пучини, поставена во Анкара, таа ги играла и принцезата Турандот и робинката Лиу. Настапувала во опери како Магбет од Џузепе Верди, улогата на Антонија во Хофманови приказни од Жак Офенбах, Бал под маски од Верди, Разменетата невеста од Беджих Сметана и Трубадур од Верди.
Била позната како сопран со природен и звучен глас во највисокиот вокален опсег и една од првите оперски пејачки во републиканската ера. На сцената настапувала речиси триесет години.
Во 2010 година, Мендерес била почестена за 50-годишнината од основањето на Истанбулската опера со „Наградата за уметност“ доделена од Ренгим Ѓокмен, генералниот директор на Турската државна опера и балет.
Смрт Мерал Мендерес починала на 78-годишна возраст во нејзиниот дом во Малтепе, Истанбул на 27 декември 2011 година. Таа била погребана на гробиштата Кучукјали по комеморативната церемонија одржана во оперската куќа Суреја и верската погребна служба во џамијата Малтепе Меркез.
Наводи
Категорија:Починати во 2011 година Категорија:Родени во 1933 година Категорија:Статии со извори на турски (tr) Категорија:CS1-грешки: недостасува списание Категорија:Оперски пејачки