мини|Фотографија од изложбата во 2019 година во Валета, Малта на жени уметници од Малта или поврзаности со Малта. Оваа слика е приказ на монитор (музејски плакат) кој ги опишува уметникот и уметничкото дело -- „Ненасловена (од Малта: Спомени и истражувања 1989-2001)“ 2002 година, мешана техника на дрво. Жан Залески (роденa Жан Бусутил, исто така познатa како Жан Бусутил Залески ; Биркиркара, Малта (11 април 1920 година - 2 мај 2010 година) била уметник од Малта која го поминала најголемиот дел од својот возрасен живот во Соединетите држави. Нејзините дела се појавиле на неколку изложби во САД и Малта.

Биографија Жан Бусутил е родена во Биркиркара, на 11 април 1920 година) најмладата од 11-те деца. На 8-годишна возраст заедно со семејството емигрирала во САД.

Образование и награди Залески студирала како уметник во Соединетите Американски Држави на Мур колеџот за уметност и дизајн во Филаделфија, а во Њујорк на Институтот Прат, Факултетот за дизајн Парсонс и Лигата на студенти по уметност. Во 1986 година ја добила наградата Сузан Б. Ентони во областа на сликарството од Националната организација за жени и била поканета од претседателот Џими Картер во Белата куќа како дел од делегација од пет жени уметници во 1975 година. 

Дела Слики од Залески биле претставени на изложби за време на нејзиниот живот и по нејзината смрт.

Освен уметнички изложби, нејзините дела се појавувале и во книги. Овие публикации спаѓаат во две категории: илустрации и книги за уметници, честопати комбинирајќи ги обете. Тие вклучуваат „Кова/линии“. 1982. ISBN 9780914278375. со песни од Едвин Хониг, која се состои од лента формирана од 2 споени листови, превиткана во стилот на хармоника за да формира 22 страници од секоја страна. Оваа уметничка книга е дизајнирана на таков начин што може да се гледа или како обичен распослан лист од две страници или како расклопена целина.

Крилести духови: 24 современи американски поети. 1995. ISBN 9781896209203., уредена од Ф. Д. Рив, е илустрирана со колажни слики од Залески.

Наводи

Надворешни врски https://www.macdowell.org/artists/jean-zaleski

Категорија:Починати во 2010 година Категорија:Родени во 1920 година Категорија:Уметници од Малта Категорија:Американски уметници