Србоман — поим користен од официјалната македонска и бугарска наука како определба за човек од етничко македонско потекло што себеси се смета за Србин, т.е. има српска национална свест. Слична („поблага“) форма на србоманија е србофилијата — израз со кој се означуваат отворени симпатии кон српските етничко-културолошки обележја, но и свесно чување на несрпската национална свест.
Србоманијата била присутна во Македонија како последица на силната српска пропаганда во втората половина XIX век и спроведуваната србизација во периодот од Балканските војни, до Втората светска војна.
Поврзано Бугаромани Гркомани
Категорија:Македонци по политичко убедување Категорија:Српска пропаганда во Македонија