Авантурите на малата Ѓурѓица — роман за деца и млади на македонската писателка Ката Мисиркова-Руменова, првобитно издаден во 1997 година.
Содржина Внимание: Овој дел од статијата обелоденува содржина на книгата. Романот започнува со обраќање на авторката до читателите, кажувајќи го својот порив зошто пишува токму авантуристички роман. Затоа што тоа е желба на секое дете, да чита роман со авантури. Исто така, авторката во воведната забелешка кажува и дека е посветен токму на Ѓурѓица. А зошто, остава секој читател да ја открие сам тајната. Со јас раскажувачот, Ѓурѓица, во романот се следи животот на малото девојче кое е фасцинирано од раскажувањето на дедото Кољо, морепловец и авантурист, кој сега како стар човек работи како чувар на овоштарникот кај таткото на малата Ѓурѓица. Таа од него ја добива желбата да запише авантури и да патува во својата фантазија во најдалечните предели. Ова е топол роман за сите радости и недоумици и стравови кои ги живеат децата во текот на растењето и созревањето. Ката Мисиркова-Руменова, Авантурите на малата Ѓурѓица , Скопје, Ѓурѓа, 2006
Изданија Книгата првобитно е издадена во 1997 година. Во 2006 книгата е издадена како второ издание на издавачката куќа Ѓурѓа. Книгата е со димензии од 20 сантиметри и има 96 страници. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски, Скопје со ISBN број со 9989-920-88-5. Ката Мисиркова-Руменова,Авантурите на малата Ѓурѓица , Скопје, Ѓурѓа, 2006
Наводи
Поврзано Ката Мисиркова-Руменова
Категорија:Македонски романи Категорија:Романи кои се одвиваат во Македонија Категорија:Дела на Ката Мисиркова-Руменова Категорија:Книги од 1997 година Категорија:Појавено во 1997 година во Македонија