Меѓународно астростатистичко здружение ― непрофитна професионална организација за астростатичари. Астростатистиката како дисциплина е составена од астрофизичари, статистичари и оние од информатичките науки кои имаат интерес за статистичка анализа и податочно рударење на астрономски податоци. Здружението е основано како независна организација во август 2012 година од страна на Астростатистичкиот комитет и мрежата на Меѓународниот статистички институт (МСИ).

Главната цел на МАЗ е да ја поттикне соработката помеѓу статистичарите и астрофизичарите. Со Здружението раководи Советот на МАЗ, составен од претставници од Астростатистичкиот комитет на МАЗ и работните групи за астростатистика на Меѓународниот астрономски сојуз (МАС) и Американското астрономско друштво (ААД). МАЗ има своја конвенција во соработка со Светскиот статистички конгрес на МСИ.

Во април 2014 година, била создадена независна група со поддршка на МАЗ, Космостатистичка иницијатива (Cosmostatistics Initiative (COIN)), со која претседавала д-р Рафаел С. де Суза . Иницијаивата е светски напор кој има за цел да создаде меѓудисциплинарна заедница околу проблемите водени од податоци во астрономијата. Таа била створена да промовира иновации во сите аспекти на академските научни истражувања.

Претседатели и мандати на МАЗ

2012–2017 Џозеф Хилбе (Соединети Држави) 2018-до денес Џогеш Бабу (Соединети Држави)

Поврзано

Список на астрономски друштва

Наводи

Надворешни врски

Почетна страница на МАЗ Преглед на МАЗ Комитети на МСИ Портал за астростатистика и астроинформатика : Почетна страница на МАЗ КОИН: Космостатистичка иницијатива Категорија:Астрономски организации Категорија:Научни организации основани во 2012 година Категорија:Статистички друштва